КРАЈОВА
Со посета на Видин и Ниш
Крајова, Романија, се наоѓа на самиот врв меѓу најдобрите божиќни пазари во Европа. Ова признание го одразува извонредниот раст на настанот кој, со површина од над 280.000 m², важи за најголем божиќен маркет во Европа. Крајова со право ја носи титулата божиќна престолнина на Романија и регионот.
Оваа година, главна тема на пазарот е иконската приказна за „Оревокршачката“, оживеана со илјадници џиновски декорации, украсни играчки и слатки кои го исполнуваат центарот на градот, осветлен од милиони блескави светилки. Во Крајова ве очекуваат бројни атракции: највисоката летачка санка на Дедо Мраз во Источна Европа, огромно панорамско тркало, лизгалиште, рачно насликани дрвени куќички и штандови во облик на вртелешки. Од мирисот на медењаци и греено вино до рачно изработените занаетчиски производи – сè е дизајнирано за незаборавно празнично искуство.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
Ден 1: 28.11.2026 (Сабота)
Поаѓање: Во раните утрински часови од Кавадарци, со можност за приклучување од Велес, Скопје и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце и Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
Видин: Пристигнување во Видин – град со богата историја, сместен на самиот брег на Дунав. Посета на тврдината „Баба Вида“ (од 10 век), единствената целосно зачувана средновековна тврдина во Бугарија.
Сместување: Пристигнување и сместување во хотел во Видин, краток одмор и заминување кон Крајова.
Крајова: Пристигнување во Крајова – живописен град и шести по големина во Романија.
Прошетка низ паркот „Николае Романеску“ – зелен бисер со историја долга повеќе од еден век, познат по романтичниот замок, висечкиот мост и езерото.
Индивидуално можност за посета на трговскиот центар Electroputere Parc (околу 2 часа) за љубителите на шопинг.
За крај на денот: Посета на Божиќниот пазар сместен на централниот плоштад „Михај Витјазул“. Слободно време за прошетка, уживање во празничната програма и потопување во божиќната магија.
Враќање: Во вечерните часови враќање во хотелот во Видин. Ноќевање.
Ден 2: 29.11.2026 (Недела)
Појадок: Појадок во хотелот и одјавување.
Видин: Слободно време за прошетка низ прекрасниот градски парк покрај Дунав или можност за индивидуална посета на културно-историските знаменитости: Крстената касарна, Турскиот конак (Регионален историски музеј) или катедралата „Свети Димитар“ – трета по големина црква во Бугарија.
Ниш: Во пладневните часови заминување кон Македонија со попатна посета на Ниш – еден од најживописните градови во Србија. Прошетка низ централниот плоштад „Крал Милан“, познатата пешачка улица „Обреновиќева“, Нишката тврдина и парковите покрај реката Нишава. Слободно време за кафе, ручек и прошетка.
Враќање: Во вечерните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Кавадарци после полноќ.
ЦЕНА: 109€ (6760 ден.)
ЦЕНА: за деца до 11,99 години : 99 евра (6140 ден.)
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
1 ноќевање со појадок во хотел во Видин;
Превоз со туристички автобус на наведената релација;
Посета на Крајова, Видин и Ниш;
Лиценциран придружник од агенцијата за време на целото патување.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
Задолжително патничко здравствено осигурување;
Влезници за културно-историските споменици и атракции;
Доплата за еднокреветна соба;
Лични трошоци за време на патувањето.