Прескокни до содржината

Хотел Акрополис 3*

250 метри од плажа

Фотографии

Хотел Акрополис 3* Хотел Акрополис 3* Хотел Акрополис 3* Хотел Акрополис 3* Хотел Акрополис 3* Хотел Акрополис 3* Хотел Акрополис 3* Хотел Акрополис 3* Хотел Акрополис 3* Хотел Акрополис 3* Хотел Акрополис 3* Хотел Акрополис 3* Хотел Акрополис 3*

Хотел-Акрополис 3* се наоѓа во Фурка, на околу 250 метри од најблиската песочна плажа. Обезбедува услуга за ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион. Хотелот има и сопствен бар на плажа, каде што е можно користење лежалки и чадори со задолжителна потрошувачка во барот. Хотелот се наоѓа на локација каде имате прекрасен поглед на цела долина, како и поглед на море. Центарот на градот е оддалечен околу 900 метри од хотелот, а тоа е и оддалеченост од ресторани, кафулиња и продавници.
Комплексот се состои од три згради, тип А, Б и Ц, кои се поврзани со главната зграда на објектот во кој се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса, опремена со маси и столови, која може да ја користат сите гости и од која има прекрасен поглед на морето и градот. Тоа е одличен избор за уживање во зајдисонце. Во понуда се два вида сместувачки единици кои се наоѓаат на приземје, на прв или втор кат.
Студиото може да прими најмногу три возрасни и дете и располага со брачен и единечен кревет, чајна кујна и бања.
Апартманите за четири лица, со две спални соби, се состојат од кујна, две спални соби и бања. Едната спална соба има брачен кревет, додека другата соба има два единечни кревети.
Сместувачките единици се климатизирани (климата е вклучена во цена), а гостите имаат на располагање бесплатен Wi-Fi интернет, телевизор со рамен екран, како и кујна, стандарден фрижидер со преграда за замрзнување. Бањите имаат туш без завеса, а некои единици имаат и туш со завеса. Верандите и балконите се опремени со седење. Сите соби имаат поглед на море, базенот или градината.
Во украсениот двор на гостите им се на располагање бар и голем базен, а гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори. На песочната плажа има хотелски бар, а гостите можат да користат лежалки и чадори заедно со нарачани пијалоци или храна. Чистењето, како и менувањето постелнина и крпи, се врши на половина период од престојот. Во ова сместување НЕ се дозволени домашни миленици. Обезбеден е паркинг простор за сместување на гостите. Хотелот Акрополис е одличен избор за сите оние кои сакаат хотелско сместување со базен во близина на плажа. Сместувачките единици се добро опремени, и секогаш уредни и добро одржувани.

Цени

Фамилијарна апартманска понуда Фурка – Халкидики 2027
Попусти за рана уплата : -20% до 30/11/2026   -15% до 31/12/2026   -10% 28/02/2027
За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 40%,
а остатокот најдоцна 14 дена пред термин.
Најбараната апартманска понуда за фамилии на мирната страна на Халкидики.
Апартхотел Акрополис 3* Фурка1/2 студио1/3 студио1/4 студио1/4 апартманНапомена
Термин/Услуганаемнаемнаемнаем 
22.05-29.05.2027229249269289 
29.05-05.06.2027269289309329 
05.06-12.06.2027299319349369 
12.06-19.06.2027329349369389задолжителен појадок
19.06.-26.06.2027369399429419задолжителен појадок
26.06.-03.07.2027429469499529задолжителен појадок
03.07.-10.07.2027489499529559задолжителен појадок
10.07.-17.07.2027569589649669задолжителен појадок
17.07.-24.07.2027649679699749задолжителен појадок
24.07.-31.07.2027649679699749задолжителен појадок
31.07-07.08.2027649679699749задолжителен појадок
07.08-14.08.2027649679699749задолжителен појадок
14.08.-21.08.2027649679699749задолжителен појадок
21.08-28.08.2027629659679729задолжителен појадок
28.08-04.09.2027549579599629 
04.09-11.09.2027429449469499 
11.09-18.09.2027339359379399 
18.09-25.09.2027229249269289 

Локација

Фурка

Услови

Цените се дадени за наем на СТУДИО/АПП за 7 ноќи во Еур и задолжителна доплата за појадок.
Хотелот Акрополис располага со 1/3 и 1/4 студија, како и 1/4 апартмани опремени со кујна, тоалет,
балкун, паркинг и клима ВКЛУЧЕНА во цена. Хотелот располага и со детско катче со играчки и крлешки.
Некои апартмани имаат прекрасен поглед на море и целата околина на Фурка.
Гостите имаат на располагање базен бесплатно, како и лежалки и чадори на базен.
Хотелот им нуди на гостите лежалки и чадори на плажа со нарачка на кафе или пијалок
од својот Akropolis beach bar со музика и одлична услуга.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА за појадок по цена од 10Еур по лице/ден во Јуни, Јули и Август.
Деца 0-06 год. ГРАТИС.
Термините во Јуни и Септември не подлежат на задолжителна уплата за појадок.
Можност за доплата за вечера 10 еур/лице/ден по избор. Информации и резервации во агенција.
Попуст за два последователни термини 7%. Попустите не може да се комбинирааат.
На плажата оддалечена 250м од хотелот има можност за поставување и на свои лежалки по желба.
Автобуски превоз 45 Еур возрасни Битола, Прилеп, 50 Еур Скопје, Велес, Кавадарци.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 10 Евра од редовната цена.
За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 40%,
а остатокот најдоцна 14 дена пред термин.
Важат Општите услови за патување на НАТА и ТА СУПЕР ТРАВЕЛ