Прескокни до содржината

Евија со Атина

Фотографии

Евија со Атина Евија со Атина Евија со Атина Евија со Атина Евија со Атина
Дочекајте ја новата 2027 година со патување што ги спојува морскиот амбиент на Евија и празничниот дух на Атина. Уживајте во опуштената атмосфера на Лутра Едипсос, прошетките покрај море и вкусовите на грчката кујна. 

Атина го надополнува патувањето со богата историја, живи улици и празнично расположение. Започнете ја годината со одмор, нови доживувања и убави спомени!

Програма на патување: 

1. Ден 30.12.2026 (среда) СКОПЈЕ - ЕДИПСОС
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 00.30 часот.  Поаѓање за Евија во 01:00 часот после полноќ. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување на пристаништето Глифа. Качување на брод траект, пловидба 30мин. Пристигнување на вториот по големина остров во Грција, островот Евија кај местото Агиос Кампос. Кратко возење до една од најпознатите бањи во Грција, Лутра Едипсос. Сместување во хотел. Краток одмор од патувањето и заминување на пешачки разглед и запознавање со местото: пристаништето, променадата, хотелот Термо Сила сè до термалните извори кои се влеваат директно во Егејското Море. Слободно време одмор, релаксација и индивидуални активности, можност за користење на термалните извори на отворено. Вечера. Ноќевање.

2. Ден 31.12.2026 (четврток) ЕДИПСОС  - АТИНА – ЕДИПСОС - ДОЧЕК НОВА ГОДИНА 2027
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на лулката на демократијата и главниот град на Грција, Атина. Рано наутро поаѓање кон Атина, бродски превоз со траект од Едипсос до Аркица, пристигнување во Атина претпладне, состанок со локалниот водич кој ќе не запознае со Атина преку панорамски разглед на градот со автобус: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Панорамскиот разглед завршува кај Акропол, можност за индивидуална посета на Акропол со доплата на лице место. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи низ Атина. Враќање кон Едипсос преку мостот кај Халкида, главниот град на островот со автобуски превоз по должина на островот. Пристигнување во хотелот во Едипсос. Вечерта, огранизирана свечена новогодишна вечера со музика! СРЕЌНА НОВА 2027!!! Ноќевање.

3. Ден 01.01.2027 (петок) ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС
Доцен појадок. Откако убаво ќе се одмориме и појадуваме на првиот ден во Новата Година заминуваме на факултативна посета до местото Прокопи, познато по манастирот посветен на Св. Јован Рускин. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, поради што манастирот годишно привлекува голем број на верници. Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. Во попладневните часови враќање во Лутра Едипсос, можност за користење на природните базени на отворено со минерална вода кои се влеваат во морето за незаборавен почеток на Новата 2027. Вечера. Ноќевање. 

4. Ден 02.01.2027 (сабота) ЕДИПСОС - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило (докај 10-11 часот). Во договорено време со водичот на групата заминување кон Агиос Кампос, качување на брод траект и продолжување кон Глифа. Дневно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМО цена за резервација и уплата до 15.11.2026 – 189€/11.718ден
Редовна цена - 209€/12.958ден

Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за минимум 2 лица во соба

Во цената на аранжманот е вклучено: 
- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
- Бродски превоз на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа
- Сместување во Хотел Ореи 3* лоциран во центарот на Лутра Едипсос на база 3 ноќевања 
- Исхрана на база 3 ноќевања со полупансион (појадок шведска маса, вечера со сервирање) 
- Новогодишна свечена вечера со диџеј на 31.12.2026 (наместо класична вечера) 
- Комплетна организација и реализација на патувањето со туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено: 
- Патничко и здравствено осигурување 
- Туристичка такса 6еур од соба за цел престој (доплата на лице место)
- Факултативна посета на Атина со локален водич - 40€ (доплата на лице место)
- Факултативна посета на Прокопи 15€ (доплата на лице место)  
- Индивидуални неспоменати трошоци 

Напомени: 
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање. 
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже. 
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.
- За овој аранжман важат ОУ на патување од СКТМ и Супер Травел. 

Цени

ПРОМО цена за резервација и уплата до 15.11.2026 – 189€/11.718ден
Редовна цена - 209€/12.958ден

Услови

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

  • Туристичката агенција „СУПЕР ТРАВЕЛ“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

  • Т.А. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда

  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ и на самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.