BLACK FRIDAY 20% ПОПУСТ
на цените во табелата (минимум уплата од 50%) важи до 30.11.2026, а остатокот се доплаќа до 31.03.2027
Неа Плагиа, сместена на самиот почеток на западниот брег на Халкидики, е дестинацијата која совршено ги исполнува сите очекувања – било да планирате семеен одмор, романтично бегство или мирна летна релаксација.
Неа Плагиа ќе ве освои со своето прекрасно уредено пешачко шеталиште (променада) кое навечер оживува, исполнето со традиционални грчки таверни, модерни кафулиња, слаткарници и продавници. За разлика од преплавените мега-ресорти, ова место нуди опуштено секојдневие, каде што домашната гостопримливост и автентичниот грчки дух се на прво место. Местото е директно споено со соседниот живописен брег на Неа Флогита, што ви овозможува уште поголем избор на содржини и плажи на дофат на раката.
Плажа: Долга песочна плажа со кристално чисто море и благ влез во водата, што ја прави извонредно безбедна и омилена за семејства со мали деца. Поголемиот дел од плажата е организиран со лежалки и чадори (кои одат со нарачано пијалак), но има и доволно простор за сопствена опрема.
Содржини: Местото располага со сè што ви е потребно за безгрижен престој – добро снабдени супермаркети, пекари, месарници, аптеки, како и брза достапност до поголемите градски центри во близина.
Благодарение на својата одлична позиција на вратата од Халкидики, Неа Плагиа е совршена база за истражување:
Неа Флогита (~1 км): Соседно место до кое лесно можете да стигнете со пријатна прошетка покрај плажата. Познато е по богатиот ноќен живот, врвните рибни таверни и прекрасните содржини на плажа.
Неа Мудања (~6-7 км): На само неколку минути возење се наоѓа најголемиот град во околината, идеален за голем шопинг, посета на локалниот пазар, вечерна прошетка покрај море, или прекрасно помината вечер во некој од кафичите и рестораните покрај море.
Пештерата Петралона (~20 км): Фасцинантна природна и историска атракција со впечатливи пештерски украси, идеална за кратко еднодневно патување.
Солун (~45 км): Доколку посакате урбана динамика, музеи, шопинг молови или богата историја, вториот по големина грчки град ви е на помалку од еден час возење.
Дуплексот БЛУ се наоѓа на идеална локација со страничен поглед кон море, на 30 м од прекрасната песочна плажа на 250 м од центарот на Неа Плагиа и 400 м од Флогита .
Дуплексот БЛУ се наоѓа на 1 кат и се состои од две посебни спални соби во едната со 1 брачен кревет и другата со 2 единачни кревети од кои едниот е на извлекување за дете до 6 год. и заедничка кујна која има кујнска маса со столови. Има голем балкон со страничен поглед на море со маса и столови.
Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената.
Нема обезбеден паркинг но има можност за паркинг веднаш пред вилата или околните улици.
Вилата НЕ располага со пешкири.
Туристичката такса се плаќа во АГЕНЦИЈАТА при уплата и истата изнесува 4 евра на ден за дуплекс.