Прескокни до содржината

БУКУРЕШТ (Трансилванија – Романија)

Фотографии

БУКУРЕШТ (Трансилванија – Романија) БУКУРЕШТ (Трансилванија – Романија) БУКУРЕШТ (Трансилванија – Романија) БУКУРЕШТ (Трансилванија – Романија) БУКУРЕШТ (Трансилванија – Романија) БУКУРЕШТ (Трансилванија – Романија) БУКУРЕШТ (Трансилванија – Романија) БУКУРЕШТ (Трансилванија – Романија)

БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА НОВА ГОДИНА 2027

Романија — земја во југоисточна Европа. Граничи со Украина и Молдавија на североисток, со Унгарија и Србија на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав). Романија на исток има мал излез на Црно Море. Источните и јужните Карпати минуваат низ централниот дел на земјата. Главниот град на Романија е Букурешт. Членка е на НАТО од 2004 година. На 25 април 2005, во Луксембург, Романија потпиша договорот за членство во Европската Унија. Полноправен член е од 1 јануари 2007, заедно со Бугарија. Романија се смета за латински остров во океанот од Словени. Името на оваа земја потекнува од името на градот Рим (Рома), или од името на Источното римско царство. Името Романија доаѓа од романскиот збор роман (român) кој пак потекнува од латинскиот назив Romanus. Во 16 век повеќе автори нагласиле дека населението се нарекува како „романи“. Првиот документ напишан на романски јазик било писмото Неакшу каде за прв пат во пишана форма се употребува зборот „романски“.
Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот.


Програма

  1. Ден 1 30.12.2026

    30.12.2026

    Поаѓање во 22:00 часот со автобус преку Софија, Русе. Ноќно возење со попатни одмори.

  2. Ден 2 31.12.2026

    31.12.2026

    Пристигнување во Букурешт во утринските часови, кој често го нарекуваат Мал Париз. Разгледување на Букурешт со водич: Патријаршијата, Парламентот, Плоштадот на револуцијата, Кралската Палата, Универзитетот, Палатата на Правдата, Триумфалната Порта, архитектонскиот комплекс Куртија Веке најстариот дел од Букурешт – кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Тепеш – Дракула, “селото”-Музеј, едно од првите Етнографски музеи на отворено во светот од 1936г. Сместување во хотел.Слободно попладна,а вечерта ,со новогодишна музичка програма и огномети-Дочек на Новата 2027 год. на плоштад. Ноќевање.

  3. Ден 3 01.01.2027

    01.01.2027

    Појадок. Факултативен целодневен излет до Синаја – монденското одморалиште во Јужните Карпати каде се посетува дворецот Пелеш – еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Продолжување и посета на замокот Бран од XIII век во кој во 1462 г. бил затворен грофот Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов – Трансилванија, кратка прошетка низ центарот на градот: Стариот градски плоштад, Црната црква, прекрасни градби како од Средниот век, кафе барови… Вечерта враќање во Букурешт. Ноќевање.

  4. Ден 4 02.01.2027

    02.01.2027

    Појадок. Слободно предпладне во стариот дел на градот-центарот на Букурешт, со можност за посета на Т.Ш.Центар.Факултативно можност за посета на еден од најго -лемите велнес центри –Терме (на 30000м2, на 20км од Букурешт) со топла термална вода во 8 греани базени.Попладне, околу16.00ч.поаѓање за МК,ноќно возење со попатни паузи.

  5. Ден 5 03.01.2027

    03.01.2027

    Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

Цени

Промо ЦЕНА до 10.11.2026г. 9400 ден.

Редовна цена 10400 ден.

Услови

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел www.minerva.ro со 4*
  • разгледување на Букурешт со водич
  • лиценциран придружник на патувањето

Во цената не е вклучено

  •  задолжително здравствено патничко осигурување 250ден. до 65год., 300ден до 65-70год,.
  •  туристичка такса 2 еур по ноќ=4 еур-плаќање во агенција
  •  целодневен излет до Синаја-дворецот Пелеш, замокот  Бран и Брашов=30 евра
  •  доплата за влезници за наведените културни историски споменици-на лице местo
  •  факултативна посета на велнес центар-Терме:превоз=5еур+влезница на лице место+-30е

За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.

Напомена: За факултативите, потребно е да се пријават 50% од патниците.                                  

Краен рок за пријавување до 21.12.2026година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

За аранжманот важат општите услови за патување на Т. А. Супер Травел и СКТМ.