СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ВИНСКИ ТУРИЗАМ - Викенд во Тиквешијата - 2.400 ден.

Викенд во Тиквешијата - 2.400 ден.

 ВИКЕНД ПРОГРАМА


Во срцето на Тиквешијата во домот на виновата лоза која на овие подрачја е присутна од 4 век п.н.е , несекојдневна можност да вкусите автентичност,средечност традиција и квалитет...

Ние Ви нудиме едно поинакво доживување за вашите средби и дружења. Посетете ги нашите семејни винарии ,дегустирајте квалитетни вина, слушнете за нивното создавање и традицијата.


ПРВ ДЕН:

Пречек на гостите во Кавадарци. Кратко запознавање со Кавадарци. Посетителите се упатуваат кон првата винарија. Домаќините срдечно ги примаат гостите и ги запознаваат со историјата на својата винарија како и за производството на вината. Дегустацијата во секоја винарија е во рок од 60 до 90 минути, се дегустира од производството на секоја винарија поткрепено со закуска од млечни и сувомеснати производи. По завршувањето на трите дегустации сместување во апартманите на една од винариите. Можност за уживање во вечерно излегување по Кавадаречката чаршија. Ноќевање.


ВТОР ДЕН :

После доручекот Ви нудиме можност за прошетка на околината на Кавадарци. Посета на локалитетите Моклиште, Манастирот Св.Никола, посета на стара воденица... или индивидуална прошетка.


Цена 2.400ден


Цената е по лице и вклучува :

-Посета на 3 различни винарии во Кавадарци

-Дегустирање на вината во производство од содветните винарии како и овошни ликери .

-Закуска од млечни и сувамеснати производи

-Ноќевање со доручек во апартманите на винаријата


Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија