СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - КРСТАРЕЊА 2023/24 - АТИНА - САНТОРИНИ - РОДОС - САМОС - ИСТАНБУЛ - ХИОС - КОС - МИКОНОС - АТИНА 23.03.2024 - 01.04.2024

АТИНА - САНТОРИНИ - РОДОС - САМОС - ИСТАНБУЛ - ХИОС - КОС - МИКОНОС - АТИНА 23.03.2024 - 01.04.2024

КРСТАРЕЊЕ 9 НОЌИ


23.03.2024 - 01.04.2024

ОД €879

по лице во двокреветна кабина

АТИНА - САНТОРИНИ - РОДОС - САМОС - ИСТАНБУЛ - ХИОС - КОС - МИКОНОС - АТИНА


    • ТИП НА КАБИНА
Внатрешна без прозор
€879.00 по лице
Надворешна со окно
€939.00 по лице
Надворешна со прозор
€949.00 по лице
Надворешна со прозор
                                                                                                                      €979.00 по лиц


ВКЛУЧЕНО

  • ✅ Организиран превоз - Битола - Солун / Атина - Битола (Трансфери од Скопје, Неготинo... со мала доплата)
  • ✅ Сместување во внатрешни или надворешни кабини
  • ✅ Пакет (појадок, ручек , вечера)
  • ✅ Неограничено конзумирање на алкохолни пијалоци,газирани и негазирани пијалоци,сокови,филтер кафе, чај..за време на оброците
  • ✅ Разглед на островот Кос со локален водич - (Вклучено во цена)
  • ✅ Разглед на Атина со локален водич - (Вклучено во цена)
  • ✅ Прошетка на Санторини -Тира и Оиа со претставник од агенција(Вклучено во цена)
  • ✅ Прошетка на Родос стар и нов дел – со претставник од агенција(Вклучено во цена)
  • ✅ Прошетка на Миконос – со претставник од агенција (Вклучено во цена)
  • ✅ Полудневна екскурзија на островот Самос, со локален водич(Вклучено во цена)
  • ✅ Шатл Санторини
  • ✅ Шатл Миконос
  • ✅ Пристанишни такси (319 €) ( Вклучени во цената)
  • ✅ Бакшиши (Вклучени во цена)
  • ✅ Користење на базен, џакузи( согласно временските услови) фитнес центар и сауна
  • ✅ Дневни и ноќни активности, забавна програма, анимација, забавни програми , претстави , музички програми во барови , анимацији (јога, танц, итн)
  • ✅ Претставник од агенција за целото време на патување и крстарење
  • НЕ Е ВКЛУЧЕНО

    • ❌ Патничко осигурување
    • ❌ Факултативни екскурзии кои се организирани или надградени на лице место
    • ❌ Жичара за качување и слегување на Санторини (околу 6 евра по правец)
    • ❌ Трансфер од Тира до Оиа (Санторини)
    • ❌ Услуги во салон за убавина и спа центар
    • ❌ Медицински услуги
    • ❌ Индивидуално користење на екскурзии ,кои бродот ги организира како факултативи со доплата
    • ❌ Влезници
    • ❌ Други неспомнати услуги

    • ПЛАН И ПРОГРАМА

      1 Ден-22.03.2024 –(петок)

      22.03.2024 (петок)-Состанок на групата  во 23:59 ч. и поаѓање за Атина.
      2 Ден- 23.03.2024- (сабота) - Атина

      23.03.2024- (сабота) – Пристигнување  во пристаништето на Атина во утринските часови , чекирање на крузерот, сместување, и можете да почните со истражување  и  уживање на крузерот, храна, забави ...Во 19:00 чкрузерот  го напушта пристаништето на Атина ,ја започнува својата пловидба се упатува кон прекрасниот остров Санторини…
      3 Ден- 24.03.2024- (недела) - Санторини

      24.03.2024- (недела)- 08:00 ч- Пристигнување  на крузерот во сините води, од  кои се издигнува запрепастувачкото лице на супермоделот на грчките острови, островот Санторини, монденски, а традиционален, магичен и романтичен, препознатлив по белите кикладски кукички, со плави покриви, единствен по калдерата, која е тука за да посведочи за вулканската историја на овај остров, и да ви го пружи спектакуларниот поглед од работ на калдерата кон морето, магичниот залез на сонцето, кој ќе ви ги исполни очите и душата ...
      Прошетка на Тира(Фира) и прошетка на Оја (Оиа) со претставникот од Кри турс, уживање во познатите коктели и релаксирачка музика , додека уживате  во уникатниот залез на сонцето. Слободно време за индивидуални активности, шопинг,фотографирање... Во 19:00 чкрузерот испловува од водите на Санторини, и се упатува кон југоисточниот дел на Егејското Море, кон островот Родос. Уживањето продолжува на бродот, прекрасна храна , мјузикли ...

      4 Ден – 25.03.2024-(понеделник) - Родос

      25.03.2024-(понеделник) – 08:00ч- Пристигнување на бродот на островот кој  ги комбинира космополитските вибрации со средновековната архитектура на уникатен начин, островот Родос, најголемиот  од Додеканезите, Витешкиот остров, островот на Колосот, едно од седумте светски чуда на античкиот свет...

      Прошетка  со претставникот од Кри Турс во  стариот  и новиот дел на градот... Слободно време за индивидуални активности, шопинг, уживање во прекрасните кафетерии, морето...  Во 18:00 часот, бродот крузер оддалечувајќи се од пристаништето, ве носи кон нова авантура, кон островот Самос, а дотогаш уживате во се што нуди вашиот прекрасен брод...

      5 Ден – 26.03.2024-(вторник) - Самос

      26.03.2024-(вторник) – 08:00ч-  Бродот пристигнува на автентично живописниот островот, често нарекуван кралица на источниот брег на Егејското Море,  еден од најубавите острови во ова море, на островот Самос ,родното место на Питагора, на божицата Хера, Мелис и Епикур, Аристарх...островот кој е заштитен од УНЕСКО- како светско наследство...  Самос е што ќе посакате -култура, авантура, луксуз, релаксација. Полудневна екскурзија со локален водич .(Екскурзијата е вклучена во цената).

      6.Ден- 27.03.2024 ( среда) - Истанбул

      27.03.2024 ( среда)- 13:30 ч.- Крузерот пристигнува  во Истанбул – градот  наречен главен град на светот ( Наполеон), единствениот  град во светот кој лежи  на два континенти – европски ( Тракија ) и азиски , односно ( Анадолија), изграден на 7 брда, лежерно раскомотен на Босфорскиот мореуз, градот на спротивности и традиција, градот на сјајот и бедата ,музеи и знаменитости, традиционалните вкусови,уличните продавачи,галеби, музика и танци,старото и новото,градот кој никогаш не спие ... Истражувањето на Истанбул е уникатно доживување ,градот во кој во еден момент сте во една модерна светска метропола, а следниот момент се враќате  илјада  години наназад...  портата на западот кон истокот, градот со над 70 имиња, Цариград, Константинопол, Стамбол...  Факултативен разглед на Истанбул со локален водич- ( програм 1). Време а индивидуални активности, шопинг... Враќање на крузерот, ноќевање на бродот во Истанбул.

      7.Ден- 28.03.2024 (четврток) - Истанбул

      7.Ден- 28.03.2024 ( четврток)-втор ден во  Истанбул –Појадок . Факултативен разглед на Истанбул со локален водич програм 2). Слободно време за индивидуални активности, шопинг... Во 18:00ч. бродот го напушта овај величествен град , и ја започнува својата пловидба кон островот Хиос, а за тоа време  уживање во прекрасниот крузер...

      8.Ден- 29.03.2024 ( петок) - Хиос

      29.03.2024 ( петок)-  14.00ч .- Пристигнување на островот Хиос (Chios – еден од најубавите, најатрактивните ,најуникатните  острови  во Грција и светот ,   кој името   го добил по Хиона , ќерката на Посејдон .Островот  е  единственото место  во светот ,каде тука ,на југот на островот Хиос расте  и се одгледува дрвото мастика ,    ( Lentisk), во областа Mastichochoria, (во превод значи, селата на мастика). Mastichochoria,  ја сочинуваат  7 селаPyrgi- , едно од најнеобичните и најатрактивни села познати во светот,кое ве враќа  назад во времето, тесни улички и уникатно по  фасадите на куките,кои се  украсени со геометриски облици во бела и сива боја,потоа фасцинантното ,средновековното село  Mestaтесни и слепи улички како лавиринт за да се штитат од нападите на гусарите ,каде куќите се изградени една до друга, заедно формирајќи ѕид , кој го опкружува селото, за   лугето да можеле да ги   користат покривите на куќите како улици, бегајќи од  гусарите... Бродот крузер, во 20:00ч. ќе го напушти пристаништетето на Хиос, и запловува кон островот Кос, додека вие уживате и се забавувате на бродот...                         Полудневна  факултативна екскурзија , со локален водич.

      9.Ден- 30.03.2024 (сабота) - Кос

      9.Ден- 30.03.2024 ( сабота)-  07:00ч .- Бродот пристигнува на  велнес островот Кос, островот на таткото на  медицината , Хипократ ,каде тој го основал првото медицинско училиште, островот  на модерната медицина,  каде легендата раскажува , дека  тој со свои раце го засадил најстарото дрво во Европа, познатиот Чинар на Хипократ, каде  денес со ова дрво со импозантна големина  , туристите се фотографираат , за да посведочат дека биле баш тука, кај чинарот ,  под чии гранки Хипократ  ги  учел своите ученици...Кос го има најпознатиот храм -  Асклепион- ,кој името го добил по  богот на медицината Асклепиј, чија симболика на култот на Асклепиј се одликувала со змија, која и денес е амблем на медицината... Но Кос не е само Хипократ и Асклепиј... има толку многу да се види и раскаже, а нас за време на разгледот  ќе ни раскажува   локалниот туристички водич на  Кос. (Разгледот со локален туристички водич , е вклучен во цената)... Крузерот во 18:00ч.  напуштајќи го пристаништето ,ќе заплови   кон островот  Миконос ,вашата  следна дестинација, а додека пловите, препуштете се на убавата храна и забави на крузерот.

      10.Ден- 31.03.2024 (недела) - Миконос

      10.Ден- 31.03.2024 ( недела)-  07:00ч.- Бродот застанува  во срцето на Кикладите, на светски  најлуксузниот меѓу островите, Миконос, облеан во силната сончева светлина на Егејот дење, тој се облекува во шарм и мистерија ноќе, повикувајќи ги посетителите да танцуваат и да се забавуваат во луксузните барови, клубови, плажи, луксуз на секој чекор - дизајнерска облека, златарски бутици, уметнички галерии ...Миконос,островот на ветровите ,кој има  две лица ,очигледно интензивен, сјаен и космополитски , а другото,е особено живописен, со камени улички, варосани куќи, селски капели и ветерници, кои зрачат смиреност и мир, островот именуван по  херојот Миконос, синот на кралот Аниос од Делос, кој е роден кај богот Аполон и нимфата Рео...  ве чека, за да ви ја раскаже својата неверојатна приказна... ако имате среќа ке го сретнете и неговиот најпочитуван жител, пеликанот Петро...

      Прошетка на Миконос со претставникот од агенцијата, кој ќе ве однесе да уживате низ лавиринтот од тесните  улички, ветерниците, Мала Венеција ...

      11.Ден- 01.04.2024 (понеделник) - Атина

      11.Ден- 01.04.2024 ( понеделник)-  07:00ч.- Крузерот не враќа во пристаништето на Атина, од каде што го започнавме нашето крстарење.Слегуваме од бродот, но нашата приказна сеуште трае, продолжува, во Атина,градот  именуван по  божицата Атена, славна и безвременска, каде што античките урнатини се среќаваат со просперитетна метропола, од  иконскиот Акропол кој величествено гледа на градот до раздвижените таверни кои нудат  деликатеси, Атина плете волшебна таписерија од историја, кујна, уметност и ноќен живот што сигурно ќе ги зароби сетилата ...

      Разглед на Атина со локален водич.(Разгледот е вклучен во цената). Во 14:30 ч. поаѓање за Македонија, попатни паузи...Пристигнување во Македонија во доцните часови.

      Брод крузер – CELESTYAL JOURNEY 


      Крузерот има капацитет од 1260 патници, 500 лица посада, 12 ката, на кои има 8 ресторани, 8 барови, 2 базени, 2 џакузи, спа, теретана, дискотека, театар, казино, тениско и кошаркарско игралиште.

      Сите кабини се опремени со клима уред, туш, WC, ТВ, телефон, сеф и фен за коса.


      УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : За резервација потребна е уплата од 50% од вкупната сума, остатокот треба да биди доплатен најдоцна 31 ден пред поаѓање.

      ОТКАЗЕН РОК :  До 30 дена пред патувањето, се задржува од страна на агенцијата 30% од вкупната цена, а од 29 дена до почетокот на патувањето 100% од вкупната цена.

      Оваа програма има многу ограничени места.

      НАПОМЕНА : ПАСОШОТ МОРА ДА БИДЕ БИОМЕТРИСКИ И ДА БИДЕ ВАЛИДЕН МИНИМУМ УШТЕ 6 МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА СЛЕГУВАЊЕ ОД БРОДОТ , ОДНОСНО ОД ЗАВРШУВАЊЕТО НА КРСТАРЕЊЕТО.

      Патниците кои биле во Истанбул, во однос на посетите , за да не се повторуваат... повеќе информации во агенција

      КРСТАРЕЊЕТО ЌЕ СЕ ОДВИВА СОГЛАСНО СИТЕ МОМЕНТАЛНИ КОВИД ПРОТОКОЛИ, КОИ ЌЕ ВАЖАТ ВО МОМЕНТОТ НА КРСТАРЕЊЕТО!!!

      ПРИЈАВУВАЊЕ - ДО ПОПОЛНУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА РЕЗЕРВИРАНИТЕ КАБИНИ !!!




Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија