Опис
Пред резервација потребно е да ја контактирате агенцијата за потврда на цена и слободни места!
Занзибар – егзотичната земја на насмевките каде ќе се опуштите и забавувате, ќе заборавите на короната и стресот. Само спакувајте ги своите купачи и летна гардероба, спремете се да танцувате и пиете коктели и да пливате во тиркизниот океан опкружен со бел песок и недопрена природа. И не заборавајте – СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ТУКА Е ДА СТЕ ПОСТОЈАНО НАСМЕАНИ!!!
Hakunamatata или животот е прекрасен. Оваа фраза ќе ја слушнете на секој агол! Заборавете на секојдневните проблеми, заборавете на се бидејки овде ве очекува РАЈОТ: Плажи со чист и ситен песок, прекрасната сина боја на Индискиот Океан, вкусна храна и коктели и секако традиционална музика која ќе ве натера да заиграте. Соблечете ги влечките и пижамите! Земете го вашиот костим за капење и апостолки, затоа што ние ќе ве однесеме во авантура! Време е! Излегуваме од дома и патуваме, најдобро знаеме што ви треба во моментов - пријателска атмосфера, добри вибрации и ладен пијалок за да Ве вратиме во игра!
ИНДИВИДУАЛНА ПРОГРАМА СО АВИОН ОД СКОПЈЕ
ТМарт 2022
Цената е дадена во евра и пресметана во денари,1 евро = 62 денари
Галерија
Напомени
Детали од лет за термин Март (престој 16.03 - 23.03.2022 за 7 ноќи)
TK1004 16MAR SKPIST 0905 1240
TK 605 16MAR ISTZNZ 1905 0215+1
TK 605 24MAR ZNZIST 0335 1325
TK1005 24MAR ISTSKP 2020 1945
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Авионска карта со TURKISH AIRLINES согласно политика на авио компанија, во економска класа
- Аеродромски такси
- 7 ноќевања во хотелот по Ваш избор/ тип на соба основна стандардна двокреветна на база / ПП “полупансион” соглсно политика на хотел и протоколи
- Оброци во хотелот и пакет по ваш избор
- Трансфери: аеродром-хотел-аеродром во Занзибар
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Виза за Занзибар – 50 USD
- Дополнителни екскурзии / опционални НА БАРАЊЕ
- Градска такса – 1 USD од ноќ по лице. Се плаќа директно на рецепција во хотелот.
- Задолжителен негативен ПЦР тест со вклучен сертификат на англиски јазик / ПЦР тест за лица над 18 години (за лица без сертификат за вакцинација) согласно нови протоколи за влез во Р. Македонија
- Патничко – здравствено осигурување – пожелно што покрива КОВИД и за откажување патувања
- Индивидуални и лични трошоци
- Се што не е вклучено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
Цената е валидна до пополнување на места на дадена тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цената).
Услови:
- При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 15 дена пред поаѓање.
- Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
- Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
- Задолжително патничко осигурување
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Т.А. СУПЕР ТРАВЕЛ ВИ ПОСАКУВА УБАВ ПАТ