СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ВИКЕНД - Јога Луковска Бања Копаоник

Јога Луковска Бања Копаоник

Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Јелак во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.

Програма на патување: 
1.Ден  19.01.2022 (Среда)                                  СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај Хотел ВИП, поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Околу пладне пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Јелак 4*. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот вклучени во цената. Вечерни јога вежби. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 20.01.2022 (Четврток)                                        ЛУКОВСКА БАЊА
Утрински јога вежби. Појадок. Во 10.00 часот заминување на прошетка до поширокиот центар на Луковска Бањa со локален туристички водич, можност за посета на црквата Св.Мина со автобуски превоз (доколку временските услови се поволни). Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности и можност за користење на базените со термална вода. Вечерни јога вежби. Вечера. Ноќевање.

3.Ден 21.01.2022 (Петок)                                        ЛУКОВСКА БАЊА
Утрински јога вежби. Појадок. Време предвидено за релаксација и одмор, користење СПА и индивидуални активности. Препорачуваме прошетки во природа по таканаречените Патеки на Здравјето.  Ручек. Слободно време за индивидуални активности и можност за користење на базените со термална вода. Вечерни јога вежби. Вечера. Ноќевање.

4.Ден 22.01.2022 (Сабота)                          ЛУКОВСКА БАЊА - СКОПЈЕ 
Утрински јога вежби. Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот - 185€/11.470мкд 

Цената вклучува:
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување во Хотел “Јелак 4*” на база 3 ноќевања
- Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера - класично послужување)
- Секојдневни јога вежби со лиценциран јога инструктор
- Користење на надворешен, внатрешен и надворешно-внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C ;
- Користење на Велнес центар (солена соба, парно купатило, сауна, топли клупи – тепидариум, релакс зона);
- Туристичка такса, 
- Организација и реализација со туристички придржник. 

Цената не вклучува:
- Задолжително патничко осигурување 
- Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи.. )

Попусти и опционални доплати: 
- Доплата за еднокреветна соба 45€/2.790мкд 
- Дете 2-4,99год. во придружба на 2 возрасни плаќа 25€/1.550мкд 
- Дете 5-9,99год. на дополнителен кревет во придружба на 2 возрасни плаќа 109€/6.758мкд
- Намалување за сопствен превоз -10€/620мкд по патник 
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€/620мкд (мин. 2 седишта) 
- Доплата за користење на дополнително седиште во автобус +35€/2.170мкд

Напомени: 
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. 
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето не подоцна од 7 дена пред поаѓање. 
- За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање или валидна лична карта. 
- За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Супер Травел.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија