СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - КУПИ КАРТИ ЗА СЕ - РК ВАРДАР 1961 СЕЗОНА 2021/2022

РК ВАРДАР 1961 СЕЗОНА 2021/2022

Од 30 август, 2021 почнува продажбата на сезонски билети за натпреварите на РК Вардар1961 на натпреварите што ќе ги игра клубот на домашен терен, во Лигата на шампионите, СЕХА лигата и домашното првенство.

 

Продажбата на сезонските билети ќе трае до 14 септември 2021 година, а потоа доколку има слободни билети ќе има и индивидуална продажба за секој поединечен меч од ЛШ и СЕХА лигата, за што дополнително ќе има известување.

  

Натпреварите ќе бидат организиран согласно протоколот за работа и одржување натпревари усвоен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Истите ќе бидат со ограничен број на публика. За натпреварите на домашен терен, салата во СЦ „Јане Сандански“ ќе може да биде исполнет со максимално 30 отсто од капацитетот.

 

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:

* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

 

Без соодветен сертификат (потврда) нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

 

Цени на сезонските билети:

Блокови 1, 2,и 9

Цена - 2.500 денари

 

Блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14 и 15:

Цена - 3.000 денари

 

Блокови 2, 3, 5 и 6:

Цена - 3.500 денари

 

 

Од 15 септември почнува продажбата на индивидуални билети за првиот меч од ЕХФ лигата на шампионите на домашен терен, против Мешков Брест што е закажан за 22 септември.  

 

Распоредот и саатниците на првите 10 кола од ЛШ можете да го видите на следниот линк: https://rkvardar.mk/news/poznati-terminite-i-saatnicite-na-prvite-10-kola-od-lsh

Последните четири кола од групната фаза се играат во 2022 година, и дефинитивните датуми на истите се уште не се дефинирани.

11 коло, 16/17.02, Монпелје – Вардар

12 коло, 23/24.02, Вардар – Загреб

13 коло, 02/03.03, Мешков Брест – Вардар

14 коло, 09/10.03, Вардар – Елверум

 

Ве чекаме во сала,

#ЕденЖивотЕднаЉубов

 

 


Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија