СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - НОВА 2021 ГОДИНА - ИСТАНБУЛ ✈️

ИСТАНБУЛ ✈️

ИСТАНБУЛ - НОВА ГОДИНА 2021 - АВИОН

Истанбул, градот кој Ви нуди да ги откриете сите негови тајни и убавини.


31.12.2020 / Ден 1 / Скопје - Истанбул

Состанок на групата на аеродром два часа пред полетување. Полетување од Скопје за Истанбул со Pegasus Airlines во 02:35ч. Слетување во Истанбул во 06:00ч, организиран превоз со автобус до хотел, попатно разглед на Истанбул со локален водич. Сместување во хотел и слободно попладне за шопинг, прошетка и прво запознавање со градот.

* Предлог за дочек на Нова Година на отворено на плоштадот Таксим во индивидуална режија. Најпознатиот плоштад во Европскиот дел на Истанбул, преполн со: кафичи, ресторани, дискотеки и клубови во кои може да поминете незаборавен дочек на Новата Година. Ноќевање.

01.01.2021 / Ден 2 / Истанбул

Појадок. Предлог факултативно дневно крстарење со брод по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати: Палатата Долма Бахче, Јилдиз Палатата , Белербеј Палатата кои се наоѓаат од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Факултативна посета на Долма Бахче палатата - последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922г. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922г. резиденција на Кемал Ататурк. Факултативна посета на најголемиот тематски аквариум во светот каде што ќе имате прилика да погледнете разновидни видови на риби кои живеат во светските мориња. Факултативна посета на Панорама 1453, првиот музеј во светот со целосна панорама. Како едно од најпопуларните места во Истанбул, музејот им дава на своите посетители шанса да го преживеат освојувањето на Истанбул. Музејот на историјата Панорама 1453 функционира како порти што го отвораат градот Истанбул. Индивидуално враќање во хотел или слободно попладне за шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим, или посета на некој трговски центар. Ноќевање.

02.01.2021 / Ден 3 / Истанбул

Појадок. Предлог факултативна посета на историските знаменитости во центарот на градот: поаѓаме од Аја Софија – некогашна најголема црква која подоцна е џамија, а денес е музеј. Потоа одиме кон Сината џамија и до Топ Капи палатата која некогаш била седиште на Отоманските владетели. Слободно време за индивидуален разглед и прошетка низ Капали Чаршија. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.



03.01.2021 / Ден 4 / Истанбул - Скопје

Појадок. Одјавување од хотел во 12:00ч. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел, состанок на групата во 16:30ч и организиран превоз до аеродром. Лет со Pegasus Airlines од Истанбул во 22:05ч со слетување во Скопје во 21:35ч.

BLACK FRIDAY: 199 евра (12.340 денари)

 

за уплата до 30.Ноември.2020

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 евра (15.440 денари)

Цената вклучува:

  • Авионски превоз со Пегасус ( по лице 20 кг вклучен багаж + 7 кг рачен багаж)
  • 3 ноќевања со појадок во Aspen Hotel 4* - Laleli
  • Организиран трансфер на релација аеродром (Sabiha Gokcen) – хотел – аеродром (Sabiha Gokcen)
  • Аеродромски такси

Цената не вклучува:

  • Патничко и здравствено осигурување

  • Екстра трошоци во хотел

  • Факултативни излети

Факултативни излети:

  • Крстарење по Босфор / 20

  • Посета на палатата Долма Бахче / 25 €

  • Аквариум / 20 €

  • Посета на историскиот музеј Панорама 1453 г. / 10 €

  • Посета на Топ Капи палатата со историските знаменитости / 20 €

* Напомена: за реализација на факултативните излети е потребно минимум 15 патници.

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.

- За овој аранжман важат Општите Услови на патување  на СКТМ.

- Цените се дадени во Евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62,00 денари.

- Пасошот треба да има важност минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија