СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА - CITY BREAK - Викенд во Белград

CITY BREAK - Викенд во Белград

ТЕРМИН: 14,21,28  Ноември 2020   

                                                    

1 ден  СКОПЈЕ - БЕЛГРАД

Состанок на групата кај спортскиот центар Борис Трајковски  во 00:30 ч. Поаѓање за Белград во 01:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи за одмор.

Пристигнување во Белград во утринските часови.

Со помош на Белградскиот водич ќе се запознаеме со богатото минато на градот. Ве водиме на пешачката програма за откривање на убавините на Белград:

Калемегдан: Најубавиот и најголем Белградски парк но и најзначаен културно историски комплекс во кој доминира Белградската тврдина над устието на реките Сава и Дунав.  Ќе го посетиме споменикот  на Победата, дело на прочуениот Иван Мештровиќ, симбол на победата на српската војска над Отоманската Австоунгарска Империја во војните од 1912-1918. Шетајќи низ најстариот дел од градот познат како Дорчол, ќе дојдеме до Бајракли џамијата, градена од Отоманската Имеперија во 1575 г., единствено сочувана од  273 џамии од времето на Отоманската Империја.

Кнез Михајлова-прочуената пешачка улица на Београд, Соборната црква Свети Архангел МихаилКонакот на Кнегињата Љубица, граден како државна резиденција од страна на Принцот Милош Обреновик во 1831.

Сместување во хотел и краток одмор. Слободно попладне.

 Во попладневните часови можност да го посетиме големиот шопинг центар “УШЧЕ“. Ноќевање.

 

2 ден   БЕЛГРАД –  ПЕТРОВАРАДИН – НОВИ САД - СКОПЈЕ

Појадок.  Слободен ден за индивидуални прошетки.  Поаѓање за Скопје во 17:00 од договорено место.

 

Ние ви нудиме прекрасен излет, испреплетен со богата историја.

 

Започнуваме со Петроварадинската тврдина:  

Капија светова и раскрсница путева. Чувар царства и царског оружја. Прекретница хрисќанског света. Тамница мрачна и гробница незнана. Сва загонетна, славом и клетвом опевана. Велика уметничка инспирација – Петроварадинска тврџава. Барокна лепотица, колосална творевина. Вековна људска  цивилизациска одредница“-Синиша Јокиќ.

 

Изградена над  десниот тек на реката Дунав, во населбата Петроварадин, денес составен дел на Нови Сад. Изградена од Австријците кои тука владееле од 1692-1780, во непосредна близина на границата на Отоманската Имерија. Местото го нарекуваат и Гибралтар на Дунав.

 

 Нови Сад, град прогласен за Младинска престолнина на Европа за 1919 г., Европска престолнина на културата за 2021 год. Градот е подигнат во 1694 год. Долго време бил центар на српската култура, и затоа го нарекле градот Српска Атина. Денеска Нови Сад е голем финансиски и индустриски центар на српската економија, голем универзитетски град, школски центар, културен, научен, здравствен и политички центар на Автономната Покраина Војводина.  Пешачка програма низ центарот на градот: Римокатоличката црква, Палатата на Владиката, Соборната православна црква, Градската куќа. Време е за кафе во познатиот кафиќ “Безец“.Слободно време за индивидуални прошетки.

 

Во попладневните часови тргнуваме кон Белград и продолжуваме кон Скопје . Попатна посета на шопинг центарот ИКЕА.

СКОПЈЕ: Пристигнување околу полноќните часови.

 

ЦЕНА НА ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ ВО €

47 € во трокреветна соба                   49 € во двокреветна соба

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје  – Белград - Скопје
  • Сместување во хотел со 3* на база  1 ноќевања со појадок
  • Пешачка тура низ стариот дел на Белград со локален водич
  • Посета на шопинг центарот  УШЧЕ
  • Посета на шопинг центарот  ИКЕА (во зависност од времето)
  • Професионален туристички пратител

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Задолжително патничко осигурување: 110 ден.
  • Влезници, автобуски и трамвајски билети
  • Целодневен излет: Петроварадин, Нови Сад: 15€   

    (За реализација на овој излет е потребен минимум од 20 патници)

  • Доплата за еднокреветна соба 15€
  • Влезници за културно историските споменици, автобуски и трамвајски карти:
  • Туристичка такса во износ од 2 по лице по ноќ, се плаќа во агенција.

 НАПОМЕНИ:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 30 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • Може да се патува и со лична карта. НЕ Е ПОТРЕБЕН ПЦР ТЕСТ.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
  • За ова патувањето важат општите услови на T.A Super Травел
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • Пополнетост на автобусот е  максимум 75%, според новите протоколи за Ковид 19

 

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија