СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - НОВА 2021 ГОДИНА - НОВИ САД

НОВИ САД

ТЕРМИН: 31 Декември 2020

1 ден 31.12.2020 СКОПЈЕ – НОВИ САД

Состанок на групата кај спортскиот центар Борис Трајковски во 00:15 ч. Поаѓање во 00:30 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи за одмор.

Пристигнување во Нови Сад во утринските часови. Можност да се сместиме во хотел. Краток одмор.

Одиме да се запознаеме со прекрасниот Нови Сад, град прогласен за Младинска престолнина на Европа за 1919 г., Европска престолнина на културата за 2021 год. Градот е подигнат во 1694 год. Долго време бил центар на српската култура, и затоа го нарекле градот Српска Атина. Денеска Нови Сад е голем финансиски и индустриски центар на српската економија, голем универзитетски град, школски центар, културен, научен, здравствен и политички центар на Автономната Покраина Војводина. Пешачка програма низ центарот на градот: Римокатоличката црква, Палатата на Владиката, Соборната православна црква, Градската куќа. Време е за кафе во познатиот кафиќ “Безец“.


Слободно попладне за индивидуални прошетки.


ПРЕЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА ПЛОШТАД *


Ноќевање.


3 ден 01.01.2021 ПЕТРОВАРАДИН - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ – ФРУШКА ГОРА

Појадок. Ве водиме на полудневен прекрасен излет, испреплетен со богата историја.


Денот го започнуваме со посета на Петроварадинската тврдина, изградена над десниот тек на реката Дунав, во населбата Петроварадин, денес составен дел на Нови Сад. Изградена од Австријците кои тука владееле од 1692-1780, во непосредна близина на границата на Отоманската Имерија. Местото го нарекуваат и Гибралтар на Дунав.


Продолжуваме до Сремски Карловци, место познато уште во времето на Римјаните. Отоманскиот војсководител Бали Бег, во време на Сулејман Величенствени, во 1521 го освојува градот и цели 170 години е под Отоманската Империја. Потоа потпаѓа под Австроунгарија а од 1918 е во состав на Кралството на Срби Хрвати и Словенци (СХС).

Град со прекрасни добро сочувани стари градби: Соборната црква Св.Никола, Палатата на Патријаршијата во барокна и неоренесансна архитектура, Римокатоличката црква на Светото Тројство од 1735 г. Карловачката гимназија од 18 век со најбогата школска библиотека во Србија со 18.000 книги. Тука учел и еден од најголемите Српски поети Бранко Радичевиќ. На самиот плоштад се наоѓа и фонтаната

4 Лава“ од 1799 г. Ќе ја посетиме и Капелата на мирот, каде во 1699 год е потпишан мир помеѓу Отоманската Империја и Светата лига ( Австрија, Полска и Млетачката Република).

Ексклузивно ќе ја посетиме и куќата каде живел како ученик поетот Бранко Радичевиќ, претворена во музеј. https://www.youtube.com/watch?v=0DPErqC--qY


Можност за ручек на Салаш.

Слободно попладне за индивидуални прошетки.


Ноќевање.


4 ден 03.01. 2021 НОВИ САД - БЕЛГРАД СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Се упатуваме кон Белград.


Со помош на Белградскиот водич ќе се запознаеме со богатото минато на градот.

Пешачката програма на откривање на убавините на Белград:

Калемегдан: Најубавиот и најголем Белградски парк но и најзначаен културно историски комплекс во кој доминира Белградската тврдина над устието на реките Сава и Дунав. Ќе го посетиме споменикот на Победата, дело на познатиот Иван Мештровиќ, симбол на победата на српската војска над Отоманската и Австроунгарска Империја во војните од 1912-1918. Шетајќи низ најстариот дел од градот познат како Дорчол, ќе дојдеме до Бајракли џамијата, градена од Отоманската Имеперија во 1575 г., единствено сочувана од 273 џамии од времето на Отоманската Империја.

Кнез Михајлова-познатата пешачка улица на Белград, Соборната црква Свети Архангел Михаил, Конакот на Кнегињата Љубица, граден како државна резиденција од страна на Принцот Милош Обреновик во 1831. Слободно време за индивидуални прошетки и поаѓаме кон Скопје.

СКОПЈЕ: Пристигнување во полноќните /после полноќни часови, следниот ден.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ :

Хотел 3* 85 € во трокреветна соба 89 € во двокреветна соба

Цените се валидни за уплата на аранжманот до 01.Декември 2020.

  • Редовна цена на аранжманот : 95€ во трокреветна соба / 99€ во двокреветна соба


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Нови Сад - Скопје

  • Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок

  • Панорамско разгледување на Нови Сад со локален водич.

  • Професионален туристички пратител


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Задолжително патничко осигурување: 175 ден.

  • Влезници, автобуски и трамвајски билети

  • Полудневен излет: Сремски Карловци, Петроварадин: 10€

  • Пешачка тура низ стариот дел на Белград со локален водич: 10€

  • Посета и ручек на Салаш:

  • Туристичка такса во износ од 3€ по лице за две ноќевања, се плаќа во агенција.



  • НАПОМЕНИ:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 35 лица

  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари

  • Агенцијата го задржува правото за промена на цената на аранжманот доколку дојде до помал број на патници од наведениот број, промена на девизниот курс, покачување на цената на горивото или измени за превоз според нов безбедносен протокол за Ковид 19.

  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.

  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето т.е. редоследот на излетите поради непредвидени околности)

  • Може да се патува и со лична карта. НЕ Е ПОТРЕБЕН ПЦР ТЕСТ.

  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.

  • За ова патувањето важат општите услови на Т.А Супер Травел

  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.

  • Пополнетост на автобусот е максимум 75%, според протоколи за Ковид 19, кој може да претрпи измени





Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија