СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - НОВА 2021 ГОДИНА - ИСТАНБУЛ од 1001 ноќ-2НП

ИСТАНБУЛ од 1001 ноќ-2НП

Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град,

Наполеон Бонапарта


Со едниот дел длабоко навлезен во Азија, а со другиот дел во Европа, Истанбул е единствен град во светот на два континенти. Босфор, водите на Црно Море, Мраморно Море и Златниот Рог ги носи низ срцето на градот. Повеќе од 1500 години бил главен град на Римската, Византиската и Отоманската Империја. Низ вековите е разубавуван со многу споменици од различни култури, нации, религии... .

Последните откритија докажуваат постоење на живеалишто од пред 400.000 год.. Но Виолетовата година почнува 330 год кога Императорот Константин го прогласува градот за главен град на Империјата. Кралската виолетова боја, е боја на Византиската императорска фамилија. Се до 1453 год кога е освоен од Османлиите, Истанбул, тогаш Константинопол, бил разубавуван и збогатуван со бројни грандиозни дела на кои и денеска им се воодушевуваме. Прошетката низ Истанбул е прошетка низ вековите... а магијата наречена Истанбул ќе Ви ја доловат водичите на Нехар Травел.


ТЕРМИН: 30 Декември 2020

1 ден 30.12.2020 СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски во 16:30 ч. Поаѓање за Истанбул во 17:00 h. Се патува преку граничниот премин Деве Баир и низ Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 31.12.2020 ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во утринските часови доколку собите се слободни или сместување според хотелските правила, после 14:00 часот. Слободен ден за индивидуални прошетки или придружете се на откривање на Истанбул со нашиот водич.

Денот е предвиден за неколку доживувања и првите приказни за Истанбул од 1001 ноќ:

  1. РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ + ИСТАНБУЛ НА ДЛАНКА ОД КУЛАТА SAPPHIRE :

SAPPHIRE : Најпрво одиме во посета на Sapphire облакодерот кој кога се изгради во 2010 г. важеше за 4-ти највисок облакодер во Европа. Има 54 ката и 10 ката под земја. Со експресен лифт се искачувате до врвот каде од терасате Истанбул го имате како на дланка: Европски дел, Азиски дел, Босфор... Тука ќе може да уживаме во 4D проекција со хеликоптер...„ ќе летаме над Истанбул и неговите најубави споменици“...

ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ + ТАКСИМ: Потоа ве водиме на прекрасно панорамско разгледување на градот со автобус и лиценциран локален водич: Квартот Аксарај со Валиде џамијата, Шехзаде џамијата, Валенсовиот аквадукт, мостовите Ататурк и Галата, Новата џамија со Египетскиот пазар, прочуениот Пера Палас хотел, познат од приказните на Агата Кристи. Посета на Таксим, централниот плоштад на Истанбул. Тука се наоѓа познатата пешачка улица Istiklal, и многубројните продавници, трговски центар, ресторани. Низ улицата поминува познатиот црвен транвај. Слободно време за шопинг и кафе.

Сместување во хотел. Слободно време за одмор.

Вечерта факултативно ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2021 со крстарење по Босфор (со вечера и богата забавна програма) Ноќевање.


3 ден 01.01. 2021 ИСТАНБУЛ

Појадок. Продолжуваме со нашите возбудливи приказни од 1001 ноќ. Ве водиме во:

1.ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА: Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Го посетуваме Резиденционалниот дел од Палатата.

2.КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата... Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...), Султанската палата Чираган ... Крстариме покрај прекрасните палатите од познатите Турски ТВ серии.

3.ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ :

Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе го посетиме историскиот дел на Истанбул – пешачка тура. Ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Ќе ја видиме и познатата порано црква а сега џамија АЈА СОФИЈА , и најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата . Потоа можност да се посети и Подземната византиска цистерна, 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина од каде градот бил снабдуван со вода за пиење. Пешки продолжуваме до Капали чаршија ...

4.АЗИЈА + УСКУДАР + БЕЈЛЕРБЕЈИ

Со метро се возиме под Босфор до Ускудар (поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор...Европа - Азија)- една од најстарите Истанбулски населби покрај Босфор со многубројни кафе ресторани, слаткарници и познатата Џамија на Михримах Султан, ќерката на Султан Сулејман. Потоа со автобус продолжуваме кон Бејлербеји местото кое се наоѓа под Босфорскиот мост на Азиската страна. Отмено место со многу ресторани покрај Босфор. Место каде се наоѓа и прекрасната палата Бејлербеи на 32-от Султан Абдулазиз.

Ноќевање.

4 ден 02.01. 2021 ИСТАНБУЛ СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање кон Скопје со попатна посета на една од најзначајните симболи на христијанството, Веселенската патријаршија. Според рангирањето, оваа патријаршија е прва и се смета за центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст.

Потоа ве водиме во најголемиот шопинг центар FORUM, каде во склоп на истиот се наоѓаат IKEA и DECATHLON. Можност да го посетите и големиот Аквариум во склоп на трговскиот центар. Во попладневните часови тргнуваме кон Скопје, преку Бугарија. Пристигнување во Скопје после полноќните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 79


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус

на релација Скопје – Истанбул – Скопје

  • Сместување во хотел со 3*,на база 2 ноќевања со појадок

  • Пешачка тура низ стариот дел на Истанбул

  • Посета на Капали Чаршија

  • Влез во Аја Софија – бесплатен влез

  • Прошетка низ Хиподромот и Султан Ахмед плоштадот

  • Посета на Сина Џамија

  • Посета на Вселенска Патријаршија

  • Посета на најголемиот трговски центар FORUM, Decathlon и Ikea

  • Професионален туристички пратител


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативни излети,влезници,метро карти:

  • Панорамски разглед на европски Истанбул: 10€

  • Посета на Долма Бахче палатата: 30€

  • Крстарење по Босфор покрај луксузните вили во кои се снимани турските серии: 20€

  • Посета на Ускудар и ноќен разглед на Азиски Истанбул: 15€

  • ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ – пешачка тура: - гратис

  • Влезница во Топ Капи палатата: 20€

  • Влезница во подземната цистерна: 10€

  • Посета на SAPPHIRE облакодерот (експрес лифт до врвот + 4 Д кино): 20€

  • Ноќно НОВОГОДИШНО крстарење по Босфор со традиционална програма и вечера со неограничен пијалок , со трансфер: 105€

  • Патничко осигурување 175 мкд.

  • Доплата за еднокреветна соба 30€

  • Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 10€



  • НАПОМЕНИ:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 30 лица

  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари

  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.

  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

  • Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.

  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата. За избор на седиште се доплаќа во агенцијата при уплата на аранжманот.

  • За патувањето важат општите услови на  СУПЕР ТРАВЕЛ 

  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.

  • Пополнетост на автобусот е максимум 75%, според новите протоколи за Ковид 19

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија