СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА - ВИКЕНД ВО ЦРНА ГОРА OСТРОГ 2020 16.10-18.10.2020 30.10-01.11.2020 06.11-08.11.2020

ВИКЕНД ВО ЦРНА ГОРА OСТРОГ 2020 16.10-18.10.2020 30.10-01.11.2020 06.11-08.11.2020

ВИКЕНД ВО ЦРНА ГОРА OСТРОГ 2020 

16.10-18.10.2020

30.10-01.11.2020

06.11-08.11.2020

Будва - Сутоморе - Бар 

 3 ДЕНА СО  2 НОЌЕВАЊА-АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ

И ПРЕВОЗ СО ВИСОКО ТУРИСТИЧКИ АВТОБУС И СТРУЧЕН ВОДИЧ
МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ЛИЧНА КАРТА


ПЕТОК - Состанок на групата во 14.00 часот кај паркингот на Спортски Центар „Борис Трајковски“ и поаѓање за Црна Гора. Се патува  преку Косово и Албанија со попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Црна Гора (Сутоморе) во вечерните часови. Сместување. Ноќевање.

САБОТА -  Во 09.00часот поаѓање за Острог. Посета на манастирот кој датира од 17 век, основан од Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. Околу 14 часот патувањето го продолжуваат за Будва. Слободно време за индивидуален разглед на градот од околу 3часа. Враќање  во Сутоморе во вечерните часови. Ноќевање.

НЕДЕЛА - Во 11.00 часот. Поаѓање од Сутоморе за Бар. Слободно време за прошетка покрај пристаништето во центарот на градот или пак посета на дворецот на Крал Никола во Бар. Во 14,00часот поаѓање за Македонија. Се патува преку Албанија и Косово. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

цена  1990 денари

Трансфери: Струмица, Радовиш, Штип, Битола, Прилеп, Велес, Тетово, Гостивар.доплата 500 ден. 

Во цената е вклучено:
- Превоз на релација Скопје-Црна Гора -Скопје
- 2 ноќевања  во Сутоморе-апартманско сместување 
- Посета на Острог, Будва, Бар
-  Организација и реализација на патувањето.

Во цената не е вклучено :
- Излетничка такса во Црна Гора 1 евро
- Патничко-здравствено осигурување

*доплата за 1/1 соба 50% од аранжманот

* 30% попуст за деца до 12години

За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.

Се патува со 75% исполнетост на автобусот.

За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките на водичот.

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

 За ова патување важат општите услови за патување на ТА 
За реализација на ова патување потребен е минимум од 40 патници
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија