СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 23-ти Октомври - ВРЊАЧКА БАЊА

ВРЊАЧКА БАЊА

ВРЊАЧКА БАЊА

Врњачка бања е најпопуларна, со најдолга традиција бања, позната уште кај старите Римјани по своите лековите својства.Врњачка Бања е исполнета со цветни градини и паркови, со термо минералните извори: Снежник, Топол извор, Слатина, Езеро кои се лековите за бубрежни, кардиоваскуларни, реуматични, гинеколошки заболувања.

23.10.20 Поаѓање во 4 ч преку граничниот премин Табановце, со попатна посета на Ниш - каде вреди да се посетат: Нишката Тврдина од 17 век, Череп Кулата соsидана со глави на српските востаници - (952 глави сега уште 58), нацистичкиот логор од II св. војна, казанџиското сокаче - стариот дел на градот од 18 век... Околу 12 ч пристигнување во Врњачка Бања и сместување во хотел. Разгледување на градот: Замокот на културата од кралскиот намесник Белимаркович од 1886 г., изворот Топла вода, мостот на Вљубените, маскотата Гочко и др. Можност за користење на внатрешниот базен. Вечера. Ноќевање.

24.10.20 Појадок. Факултативен излет до Краљево - прошетка во центарот на градот –стариот град, кејот на реката Ибар, плоштадот, Васиниот Конак а потоа посета на манастирот Жича, место каде се крунисувале многу српски кралеви и кнезови. Враќање во Врњачка Бања.. Можност за користење на базен во хотелот. Вечера. Ноќевање.

25.10.20 Појадок. Поаѓање за Македонија со попатна посета на Приштина со разглед на: споменикот на Скендербег, Зградата на Владата на Косово, Катедралата Мајка Тереза, Царската џамија Фатих, Сахат кулата од 19 век изградена од Јашар Паша, библиотеката ... Потоа посета на Т. Ц. “ALBI MALL”, еден од најлуксузните и најголеми шопинг центри на Балканот со продавници од најпознати светски брендови. Продолжуање за Македонија и пристигнување во вечерните часови.


ЦЕНА: 4900 денари


Во цената е пресметано:
- автобуски превоз на дадената релација .
- сместување во хотел Бреза со 3* на база 2 полупансиони.
- користење на базенот во хотелот
- разгледување на: Врњачка Бања, Ниш и Приштина - лиценциран придружник на патувањето.

Во цената не е пресметано: - патничко здравствено осигурување
- 150 ден - излет до Краљево и манастирот Жича
- 5 евра - влезници за посетите и други неспоменати услуги
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. и СКТМ.
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија