СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 23-ти Октомври - Измир - Ефес - Кушадаси

Измир - Ефес - Кушадаси

Возбудливо патување во родниот град на слепиот поет Хомер – Смирна ! Легендата вели дека градот е основан од Тантал, синот на богот Зевс и Смирна, преубавата Кралица на Амазонките, во чија чест градот го добива името. „СМИРНА“- лековита билка, била највредниот подарок со која се дарувани кралевите во старите времиња. Смирна е смола која тече од билката со преубав мирис и горчлив вкус. Има антимикробни и лековити својства. Во ароматерапијата смирна ја чисти душата и ја потикнува смиреноста и рамнотежата. Една легенда вели дека жените кои дошле да помогнат на Исус после распнувањето а нашле празен гроб, носеле билки на „смирна“ со себе. Но СМИРНА е името на градот кој постои уште во Античко време кога бил подигнат и Храм на Богињата Атина. За време на владеењето на Грците градот се уште се нарекува Смирна. Со доаѓањето на Турците, градот го добива името ИЗМИР.

ТЕРМИН: 22 Октомври 2020                                                         

 

1 ден 22.10.2020 СКОПЈЕ-ИЗМИР

Состанок на групата на паркингот спортски центар Борис Трајковски во 15:30 ч. Поаѓање за Истанбул во 16:00 h. Се патува преку граничниот премин Деве Баир и низ Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.  

2 ден 23.10.2020 ИЗМИР

Пристигнување во Галиполе во утринските часови. Преминуваме на Азиската страна на Турција преку Дарданелскиот теснец со фериброд до Чанакле. Патувањето продолжува кон Измир . Околу пладневните часови пристигнуваме во Измир. Сместување во хотел и краток одмор.

Во попладневните часови ве водиме на панорамско разгледување на Измир со локален водич. Приказните и легендите почнуваат од брдото Кадифекале каде Александар Македонски бил на лов. Богињата Немезис на големиот војсководител на сон му рекла да подигне голем град на тоа место. Од брдото се протега прекрасен поглед на Измир и неговиот залив. Се спуштаме кон центарот на градот, плоштадот Конак каде се наоѓа симболот на Измир – Саат Кулата од 1901 год. во чест на 25 години владеење на Султанот AbdulhamidII. Самиот часовник е подарок од германскиот цар Vilhelm II. Од Европскиот амбиент на градот се префрламе во Ориенталениот дел: трговскиот дел на Измир каде се наоѓа познатиот Kemeralti Bazar, кој нуди се што Ориентот нуди.

Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

3 ден 24.10. 2020 ИЗМИР – ЕФЕС - КУШАДАСИ

Појадок. Ви препорачуваме целодневен излет во богатото минато на овој дел од Турција.

ЕФЕС: Познат и еден од најголемите антички градови во Римското Царство со 500.000 жители. Имал многу споменици, театри, храмови. Најпознат бил Храмот на Артемида (Дијана), божицата на ловот кој имал 127 мермерни столбови високи по 18 метри и бил еден од „сеумте антички светски чуда“.

Ефес бил место каде често престојувале апостолите Павле и Јован, во чиј период е создадена Христијанската црква во Ефес.

Александар Македонски исто така поминал во Ефес 334 г.п.н.е.

Куќата на Пресвета Богородица: Во малата камена куќа се верува дека живеела Света Марија после смртта на Исус. Ве пречекува статуата на Богородица со раширени раце.

Според Библијата, Исус додека бил распнат на крстот, го замолил Свети Јован да се грижи за неговата мајка Марија. Јован ја повел Марија со себе во Ефес, некаде помеѓу 37 и 48 година и продолжил да го шири Христијанството. Се верува дека Марија последните години од својот живот ги поминала во таа мала и скромна куќичка.

Кушадаси: Посета на познатото летувалиште на Егејското море. Слободно време за прошетка и одмор за ручек.

Враќање во хотел во попладневните часови. Слободно време за иднивидуални прошетки низ Измир. Ноќевање.

4 ден 25.10.2020 ИЗМИР - СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Слободен ден за индивидуални прошетки. Предлагаме посета на богатиот дел на Измир наречен Каршијак. Се оди со фериброд од пристаништето. Во Каршијак, на почетокот на најубавата улица, ќе ве пречекаат две статуи на девојки кои се ослободуваат од велот, симболично преставувајќи ја слободата на жената. Во пладневните часови посета на големиот Optimum Outlet , еден од најдобрите шопинг центри во Турција.   Полни со впечатоци, поаѓаме кон Македонија, се возиме со фериброд преку теснецот Дарданели, Едрене, Софија, Крива Паланка. Ноќно возење.

5 ден 26.10.2020 СКОПЈЕ

Пристигнување во предпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  (за уплати до 10.10.2020):  139 €     

Редовна цена: 159 €

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • на релација Скопје – Измир - Скопје
  • Сместување во хотел 4*, на база
  • 2 Ноќевање со појадок
  • Разгледување на Измир
  • Посета на “Optimum Outlet”
  • Фериброд кон/од Чанакале
  • Туристички пратител на групата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Факултативни излети, влезници, метро карти:

  • Излет Ефес- Кушадаси : 20€
  • Влезници во Ефес :       €
  • Излет до Каршијак: 15 €
  • Доплата за еднокреветна соба 40€
  • Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 10€
  • Патничко осигурување 120 мкд.

 

НАПОМЕНИ:

* За реализација на програмата потребни се минимум 30 лица

* Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари

* Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен    број на патници.

* Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.

* Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.

* За патувањето важат општите услови на Т.А Супер Травел

Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција при влез во автобусот, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.

* Пополнетост на автобусот е максимум 75%, според новите протоколи за Ковид 19.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија