СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 23-ти Октомври - Шопинг во Едрене

Шопинг во Едрене

Историски гледано, градот бил основан како Адријанополис, според Римскиот цар Адријан, на место на Тракиската населба позната како Ускадама. Градот бил главен град на тракиското племе Беси и Одринското царство. Во времето на римскиот цар Адријан, градот бил развиен и биле изградени неколку споменици и го добива името Адријанополис и станува главен град на римската провинција Тракија. Едрене служел како трет главен град на Отоманската Империја во период од 1363 до 1453, кога престолнината се префрла во Цариград. Во еден период служи како престолнина на Румелија а некои Султани преферирале да управуваат од овој град. Во 18 век важел за 4-ти град по големина во Европа Со 350.000 жители. Џамијата СЕЛИМИЕ е најпознатиот и најзначаен споменик во Едрене. Изградена за само 6 години (1568-1575) он најпознатиот Османлиски архитект Мимар Синан во чест на Султан Селим II. Џамијата преставува ремек дело на Мимар Синан. Џамијата има највисоки минариња во Турција, со висина од 70,9 м и купола која е 4 стапки повисока од онаа на Аја Софија во истанбул. Според легендата, Мимар Синан добил инспирација за ова ремек дело додека ја гледал косата на својата мајка. Ова е првата Султанска џамија која била изградена надвор од престолнината Истанбул. Денеска Едрене е познат како град со над прекрасни фонтани кои ги има на секој плоштад или голема раскрсница. Има добро сочувани дрвени куќи со прекрасна декорација, паркови, мостови. Три реки се спојуваат тука: Марица, Тунџа и Арда. Градот со своја затворена чаршија, со лавиринт на мали улички со продавници, со нов модерен трговски центар Erasta, нуди и добар и евтин шопинг.



ТЕРМИН : 22 Октомври 2020 

1 ден 22.10.2020  СКОПЈЕ – КУМАНОВО – КРИВА ПАЛАНКА – СОФИЈА - ЕДРЕНЕ

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 18:30 ч. Поаѓање за Едрене во 19:00 h. Се патува преку граничниот премин Деве Баир  и низ Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.    

2 ден 23.10.2020  ЕДРЕНЕ           

Пристигнување во Едрене  во утринските часови.  Можност за сместување во утринските часови доколку собите се слободни или сместување според хотелските правила, после 14:00 часот. Најпрво ве водиме во центарот на градот каде се наоѓа Џамијата Селимие. Можност да ја посетите и да се искачите по скалилата до врвот од каде има прекрасен поглед на градот. Во непосредна близина на џамијата се наоѓа и покриената чаршија позната и како „малата Капали Чаршија“ каде ќе имаме слободно време за индивидуални прошетки и шопинг.  Од Џамијата водат тесни улички  кои водат до познатата улица Saraclar Caddesi  со живописни продавници со најразлична стока, кафулиња,слаткарници.  Препорачуваме да  посетите некоја слаткарницата со прекрасни Турски колачи.

Сместување во хотел. Слободно попладне за слободни активности и истражувања на градот.

Препорачуваме да го посетите новиот трговски центар ERASTA Shopping CentreНоќевање.

3 ден 24.10. 2020  ЕДРЕНЕ – СОФИЈА – КРИВА ПАЛАНКА – КУМАНОВО - СКОПЈЕ

Појадок.  Гo ставаме багажот во автобус. Слободен ден за индивидуални прошетки.

Предпладне препорачуваме да ви откриеме дел од знаменитостите на Едрене:

Македонската кула – позната и како Саат кула која е дел од старите зидини на Адријанаполис. Во 1884 била додадена дрвена саат кула која изгорела и обновена 1894 но со камења и цигли.

Црквата „Свети Константин и Елена“- преставува Православна Бугарска Црква од 1869, во непосредна близина на местото каде реката Тунџа се влева во реката Марица. Има прекрасна градина за одмор.

Потоа ве водиме во големиот Margi Outlet со над 45 продавници. Потоа одиме до Синиот пазар. Можност по најниски цени да се купи сирење, баклава, козметика....

Во вечерните часови  заминуваме за Скопје.  Ноќно  патување преку Бугарија и граничниот премин Деве Баир.

4 ден 25.10. 2020   СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.`

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 45 € / 2.790 Ден.

 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 59 € / 3.660 Ден.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  •          Превоз со високотуристички автобусна релација Скопје – Едрене - Скопје
  •          Сместување во хотел 3*  на база 1 Ноќевање со појадок
  •          Посета на центарот на Едрене
  •          Посета на џамијата Селимие
  •          Посета на Margi Outlet
  •          Посета на Синиот пазар
  •          Посета на црквата Св.Константин и Елена
  •          Посета на македонската кула
  •          Туристички пратител на групата

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Патничко осигурување 100 мкд.
  • Доплата за еднокреветна соба 20€/25€
  • Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 10€

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 30 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
  • Пасошот треба  да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
  • За патувањето важат општите услови на T.A СУПЕР ТРАВЕЛ
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • Пополнетост на автобусот е  максимум 75%, според новите протоколи за Ковид 19.

 

 

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија