СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ПАТУВАЊА ВО СЕПТЕМВРИ - СЕПТЕМВРИСКИ ВИКЕНД во ДРАЧ

СЕПТЕМВРИСКИ ВИКЕНД во ДРАЧ

СЕПТЕМВРИСКИ ВИКЕНД во ДРАЧ

(+ ПОСЕТА на ТИРАНА)

25.09.20 Поаѓање во 05 часот со автобус, за Албанија преку Струга на г. п. Ќафасан.Пристигнување во Драч околу 12.00часот,сместување во хотел Космира со 3*, на самата плажа во населбата Голем.Слободно попладне за капење.На располагање имаме бесплатно користење на чадор и лежалки на плажа. Ноќевање. 

26.09.20 Појадок.Слободно време за капење.Попладнето факултативен излет до Драч,прошетка во центарот на градот,каде може да се видат знаменитостите на градот:Амфитеатарот од 2-ри век п.н.е.,Замокот (Калаја),џамијата Фатих и прошетка по шеталиштето на Драч.Вечерта враќање во хотелот во Драч.Ноќевање.

27.09.20 Појадок. Слободно време за капење до попладне (15.00). Попладнето поаѓање за ТИРАНА, прошетка во центарот на градот каде можат да се видат знаменитостите на градот: плоштадот и споменикот на Скендербег, Парламентот, Комплексот на Саат кулата и Хаџи Едем Беј џамија од 18 - ти век, Историскиот музеј, зградата на опера и балет театар.... Потоа посета на трговскиот шопинг центар ТЕГ. Вечерта поаѓање за Македонија и пристигнување во Прилеп во ноќните часови.

Цена: 3600 ден. х. Космира 3* на сама плажа со чадор и лежалки

Деца до 14 год.-30% попуст, користат: превоз,храна и кревет

Во цената е вклучено: 

- автобуски превоз на дадената релација според протоколот за превоз 

- сместување во х. Космира со 3*на база 2 ноќевања со појадок 

- бесплатно користење на лежалки и чадор на плажа пред хотелот 

 - посети на Драч и Тирана - организација и придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено: 

- патничко здравствено осигурување - без франшиза (150 денари) 

Напомена:Со сопствен превоз цената се намалува за 1200ден.. 

Рок на пријавување до 21.09.2020 година.

Задолжително носење на маски поради Covid19.                                                           

👉Збогатете ги вашите доживувања со едно ново патување. 

За овој аранжман важат општите услови на патување на Т. А. СУПЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија