Вила „Sole A Mare“ 10 ноќи


ЛЕТО 20
20

НЕОС МАРМАРАС- Вила „Sole A Mare


Вилата Sole A Mare се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили меѓу изобилство продавници, со фронталниот дел поставена кон фонтаната која е обележје на градот и кон пристаништето. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ е оддалечена околу 300 метри. Располагаме со двокреветни студија и четирикреветни апартмани на прв спрат кои имаат поглед на улица или директен поглед на море (во студијата и апартманите има дополнителни фотелји на расклопување). Сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел соодветен на хотелско сместување, кујни, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Станува збор за совршено безбеден објект, а извонредната локација и квалитетот ја вбројуваат оваа вила меѓу топ понудите и за ова лето. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончевi колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.


Вила „Sole A Mare” - Неос Мармарас


Термин:


Ноќевања:

1/2 студио (море)

1/2+1 студио улица

1/4+1 апартман улица

1/4+1 апартман

(море)

20.05-30.05.2020

10

200 € (12.400 ден)

220 € (13.640 ден)

320 € (19.840 ден)

370 € (22.940 ден)

30.05-09.06.2020

10

250  (15.500ден)

270 € (16.740 ден)

370  (22.940ден)

420 € (26.040 ден)

09.06-19.06.2020

10

300  (18.600ден)

320 € (19.840 ден)

450 € (27.900 ден)

500 € (31.000 ден)

19.06-29.06.2020

10

350 € (21.700 ден)

370 € (22.940 ден)

600 € (37.200 ден)

650 € (40.300 ден)

29.06-09.07.2020

10

450  (27.900ден)

470 € (29.140 ден)

650  (40.300ден)

700  (43.400ден)

09.07-19.07.2020

10

550 € (34.100 ден)

570 € (35.340 ден)

690 € (42.780 ден)

740 € (45.880 ден)

19.07-29.07.2020

10

550 € (34.100 ден)

570  (35.340ден)

690 € (42.780 ден)

740  (45.880ден)

29.07-08.08.2020

10

550  (34.100ден)

570 € (35.340 ден)

690  (42.780ден)

740  (45.880ден)

08.08-18.08.2020

10

550  (34.100ден)

570 € (35.340 ден)

690 € (42.780 ден)

740  (45.880ден)

18.08-28.08.2020

10

500  (31.000ден)

520  (32.240ден)

650  (40.300ден)

700 € (43.400 ден)

28.08-07.09.2020

10

400  (24.800ден)

420 € (26.040 ден)

600  (37.200ден)

650 € (40.300 ден)

07.09-17.09.2020

10

300 € (18.600 ден)

320  (19.840ден)

450  (27.900ден)

500  (31.000ден)

17.09-27.09.2020

10

250 € (15.500 ден)

270  (16.740ден)

350  (21.700ден)

400 € (24.800 ден)

-
























 Цените во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз

- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неос Мармарас

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

- Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра


Студио бр.A1 (поглед на море)

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима уред (во ценовникот студиото е назначено како 1/2студио море). Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Мало купатило со модерен дизајн. Терасата е со нормална големина, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има директен поглед на море. 


Апартман бр.A2 (поглед на море)

Простран четирикреветен апартман со две соби кој се наоѓа на прв спрат во вилатаВо првата просторија има еден кауч (софа) на кој можат да спијат две возрасни лица бидејќи откако ќе се расклопи се добиваат два единечни лежаи со нормални димензии. Во собата има и една фотелја на расклопување со нормални димензии, а во истата просторија се сместени и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа соба се излегува на пространа тераса која има поглед на улица и директен поглед на море, опремена со маса и столчиња и заштитена со тенда. Во втората соба има еден дупли кревет и мебел, а од собата се излегува на истата тераса која од овој дел има директен поглед на море. Апартманот е опремен со два телевизора и две клими, по еден во секоја соба. Има мало купатило со модерен дизајн. 


Апартман бр.A3 (поглед на улица)

Простран четирикреветен апартман со две соби кој се наоѓа на прв спрат во вилата.Во првата просторија има еден кауч (софа) на кој можат да спијат две возрасни лица бидејќи откако ќе се расклопи се добиваат два единечни лежаи со нормални димензии. Во собата има и една фотелја на расклопување со нормални димензии, а во истата просторија се сместени и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа соба се излегува на тераса која има поглед на улица, опремена со маса и столчиња и заштитена со тенда. Во втората соба има еден дупли кревет и мебел, а од собата се излегува на истата тераса која од овој дел има поглед на улица. Апартманот е опремен со два телевизора и две клими, по еден во секоја соба. Има купатило со нормални димензии и модерен дизајн. 


Студио бр.А4 (поглед на улица)

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет и една фотелја на расклопување со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1). Опремено е со мебел, телевизор, клима уред, а во истата просторија се сместени и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа соба се излегува на тераса која има поглед на улица, опремена е со маса и столчиња и е заштитена со тенда. Има купатило со нормални димензии и модерен дизајн. 


Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија