СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ВИКЕНД - ТРИКАЛА-21.12.2019

ТРИКАЛА-21.12.2019




                             ТРИКАЛА

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ:  21.12.2019


И овoј Божиќ, во работилницатата на џуџињата се работи со полна пареа. Не пречекуваат во нивните топли пекари со привлекувачки мирис и убава глетка. Пченицата е ставена и чека да се почне да се работи со полн капацитет за истата да стане брашно.Божиќ во работилницата на џуџињата е наслаткиот, најбаковитиот и најволшебниот. Џуџињата на Дедо Мраз, глувчињата, пекарите, самовилите и мнооогу нивни асистенти им нудат на посетителите незаборавни моменти... Подготовките се одвиваат со месеци. Најпознатите пекари од светот одлучија да споделат со нас многу традиционални вкусови, насмевки и многу моменти на среќа како за децата така и за возрасните. Го одбраа најубавото Божиќно село во светот и тоа е не толку далеку од нас. Токму во Трикала. Џуџињата одлучија да ја постават нивната работилница тука, на истата улица, а Дедо Мраз му дозволи и еве....Се е спремно за најсрекниот Божик и Нова Година !!!! Приказната продолжува заедно со Нас...
Ве водиме на најубавиот Божиќен парк, во градот Трикала во Централна Грција кој стана познат како зимска дестинација благодарение на иновативната идеја да вклучи една стара мелница во најголем тематски парк за Божиќ во Грција. Неколку години по своето основање проектот еволуирал од мал Божиќен панаѓур до голем тематски парк, кој минатата година го посетиле повеќе од 850.000 посетители.
Името на панаѓурот е РАБОТИЛНИЦАТА НА ЏУЏИЊАТА каде што децата можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со џуџињата, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња. Исто така, постои забавен парк кој ке ги импресионира најмладите, но и возрасните. Забавата продолжува со лизгање на мраз, возење на возот Пирати експрес кој ќе ве понесе низ едно магично Божиќно доживување кое се памети целиот живот. Божиќ е познат по купувањето на подароци, па во Работилницата на Џуџињата ќе имате можност да купите уникатни подароци од прекрасно декорираните дрвени куќарки... Не заборавајте да понесете ракавици и шалче, фото апарат, позитивно расположение и голема Насмевка , ве очекува голема доза на среќа...


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО


ПОАЃАЊЕ:

СКОПЈЕ – 03.00 часот на паркингот на х.ВИП

ВЕЛЕС: - 03.45 часот на Motel Makedonija

КАВАДАРЦИ: - 04.30 часот на АВТОБУСКА

ПРИЛЕП: 05.30 часот на ЛУК ОИЛ

БИТОЛА: 06.00 часот на СПОРТСКА САЛА


Поаѓање за Метеори во предвидените сатници. Патувањето продолжува со попатни паузи и царински формалности – граничен премин МЕЏИТЛИЈА. Пристигнување на Метеори во претпладневните часови. Планирана посета на големиот манастир МЕТЕОРА. По разгледот посета на работилницата за изработка на икони. Патувањето продолжува за Трикала. Посета на работилницата на џуџињата на Дедо Мраз. Индивидуални активности. Поаѓање за назад во 19.00 часот. Пристигнување во Македонија во касните вечерни часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:


СКОПЈЕ и ВЕЛЕС: 1500 денари / деца со 10 години 1300 денари

КАВАДАРЦИ: 1200 денари / деца до 10 години 1000 денари

ПРИЛЕП: 850 денари / деца до 10 години 750

БИТОЛА: 750 денари / дца до 10 години 550 денари




Напомена:

За реализација на овој аранжман потребно е минимум 40 патници.

За реализација на овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А. СУПЕР ТРАВЕЛ

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија