СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ВИКЕНД - Тирана – Шопинг 21-22.12.2019

Тирана – Шопинг 21-22.12.2019

21- 22.12.2019
автобуски превоз / 2 дена / 1 ноќевање

1 ден (21.12.2019) сабота: Македонија – Тирана
Состанок на групата на паркингот на спортска сала Битола во 04:00 ч наутро.
Поаѓање за Тирана во 04:30 ч од Битола, попатнo Охрид , Струга (се застанува доколку има
патници), се продолжува преку граничен премин Ќафасан, цариснки формалности, попатни
одмори.
Продолжуваме на патот за Тирана, преку Елбансан и пристигнување во Тирана околу
10:00ч / 11:00ч.
Краток разглед на градот од 2 часа, почнувајќи со мала прошетка на областа Блуку – Посета
на бункерот кој претставува споменик на комунизмот, како и парче од Берлинскиот ѕид ,
можност за посета на вилата на диктаторот Енвер Хоџа .
После разгледот на градот сместување во хотел
As Tirana Hotel **** .
Во договорено време поаѓање на факултативен ручек на едно од најубавите места во Тирана
а тоа е планината Дајти каде што се стигнува со жичара ( 13 минути еден правец со
Dajti
Ekspres cable car.
).
На врвот ќе уживате во прекрасниот поглед и ќе имате можност да ги вкусите најдобрите
специјалитети на албанската кујна (факултативено во ресторан
Ballkoni Dajtit .
Ресторанот се наоѓа на 1000 метри надморска височина на планинскиот врв, давајќи
прекрасен поглед кон градот.
Ќе имате можност да вкусите локални специјалитети како што се :
зачинетата чорба од ќофтиња, fasule pllaqi (тепсија со грав приготвен со путер и бибер, што
се сервира со пиперки на пареа во врело тенџере), пржено сирење со шумско овошје, и
многу локални пијалоци како пива и вина.
За тие патници кои нема да бидат дел од факултативниот ручек следува слободно време за
индивидуални прошетки низ градот Тирана.
После ручекот се упатуваме кон градот, слободно време за прошетка. (предлог: можете да
се вратите во областа Блоку за да го искусите ноќниот живот со караоке барови, пабови и
музика во живо.) Се враќаме во хотелот .
Ноќевање.

2 ден (22.12.2019) недела: Тирана – Македонија
Појадок. Одјавување од хотел. Во 10 часот поаѓање кон шопинг центарот htp://www.toptani.com.al/en
,слободно време за шопинг и индивидуални активности.
Во попладневните часови заминување за Македонија, попатни одмори, царински формалности.
Пристигнување во Македонија околу 22:00ч / 23:00ч.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.150 денари

Во цената Е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- 1 ноќевања со појадок во хотел
As Tirana Hotel ****
https://www.astiranahotel.com/
- туристичка такса
- Разглед на Тирана
- Посета на шопинг центар
http://www.toptani.com.al/en
- Придружник од агенцијата
- Организација и реализација на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено
- Факултативна посета на најдобриот видиковец и ресторан Ballkoni Dajtit
каде се стигнува со жичара – 8 евра за возрасен, 6 евра за дете
- Индивидуален трошок за ручекот
- Влезници за музеи и културно – историски споменици
- Патничко осигурување
- Неспомeнати услуги
- Личен трошок на патниците

Информации и практични совети
- официајлна валута е Лек ( 1 денар = 2 леки )
- во Р.Албанија може да се патува и со македоснка лична карта
- Битола – Тирана 200 км во еден правец
 
 
Препорака на места кои можите да ги посетите за време на индивидуалните прошетки и
слободното време:
1. Плоштадот Скендербег
2. Национален историски музеј,
3. Саат кула
4. Национална галерија на уметности
5. Пирамида
5. Плоштад Мајка Тереза
6.Палатата на претседателот, Палатата на конгресите,
7.Археолошкиот музеј и Академијата за уметности.

Предлог ресторани за тие кои нема да бидат дел од факултативниот ручек на Планинатa
Дјати : Gambero Gourmet, Uka Farm, Season Restaurant, Pizzeria Pavarotti

Предлог места за тие кои сакате да го искусат ноќниот живот :
Club Bunker 1944 ,Hemingway Bar, Radio Bar, Shamrock Irish Pub, Small Tirana ..

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ И НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже
патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20 патници.
Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата не се реализираат, а се предизвикани од
непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови,
сообраќаен метеж, или природни катастрофи, агенцијата не сноси одговорност
Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот
и патни трошоци.
Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот
на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
Пасошот треба да важи минимум 90 дена од завршувањето на патувањето.
Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во
програмата.
Организаторот/ на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на
патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат
Општите услови за патување на Т.A Супер Травел.


Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија