СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО Ракомет - Виена , - ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО Ракомет - Виена ,

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО Ракомет - Виена ,

Програма

ден  (09.01.20 – четврток) :           Битола-Скопје- Виена
Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 15:30 ч. Поаѓање кон Скопје 16:00 часот.
Поаѓање од Скопје ( пред хотел Континентал 18:45 ч.) за Австрија во 19:00 часот…патот води преку Србија, Унгарија.
Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности .

ден  (10.01.20 – петок) :                 Виена
Пристигнување во Виена во претпладневните часови… сместување во хостел околу 14:00
Слободно време за одмор или индивидуални активности. Во договорено време поаѓање со локален превоз кон спортскиот комплекс Wienner Stadhalle и следење на натпреварите Р. Чешка – Австрија 18:15 ч., Македонија – Украина 20:30 ч. Ноќевање.

ден  (11.01.20 – сабота                Виена
Појадок. По појадокот (факултативно, времетраење околу 4 часа) панорански разглед на Виена со локален водич,…Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив,Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк…  дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом)… или  време за индивидуален разглед на градот.Слободно време. Ноќевање

4 ден  (12.01.20 – недела)                Виена
 
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности (предлог актвности подолу во програмата).. Во договорено време во поаѓање со локален превоз кон спортскиот комплекс Wienner Stadhalle и следење на натпреварите Чешка – Македонија 16:00 ч. , и Австрија – Украина 18:15 ч. По натпреварите слободно време. Ноќевање.

5 ден  (13.01.20 – понеделник) :     Братислава-шопинг центар Парндорф
Појадок. По појадокот  поаѓање за Братислава, Р. Словачка(80 км во правец) панорамски разглед со локален водич низ Стариот град Националниот театар, палатата Примата, Старата градска општина и плоштадот Хлавно наместје, Михалска Порта, концертната сала Редута, палатата Палфи, Претседателската палата, Катедралата Св.Мартин, Сината Црква, Црквата Св.Тројца… Слободно време за ручек/кафе. (предлог места за посета подолу во програмата). На враќање кон Виена посета на шопинг центарот (аутлет) „Парндорф“, слободно време за шопинг … Во договорено време враќање за Виена. Ноќевање

6 ден  (14.01.20 – вторник             Виена-Битола/Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на собите, слободно време за индивидуални активности.
Во  договорено поаѓање кон спортскиот комплекс Wienner Stadhalleследење на натпреварите Австрија-Македонија 18:15 ч. Украина – Чешка 20:30 ч. Во договорено време (околу 22:30 ч) поаѓање за Македонија..
Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
Пристигнување во Македонија во утринските часови. Крај на програмата.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :
22 880 денари по лице (369 €)
21 640 денари по лице (349 €) за целосна уплата до 01.12.2019 !!!

 

Во цената Е вклучено :
Автобуски превоз на горенаведената релација,
4 ноќевања со појадок во хостел во Виена
Поаѓање од Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово
Блок билети за сите натпревари од група Б (дати:10.01, 12.01, 14.01)
Организација, водство и реализација на аранжманот.

Во цената НЕ Е вклучено : 
Факултативните излети и посети,
Влезниците при посета на културно-историските споменици,
Разглед на Виена со локален водич (01.10.2020)
Посета и разглед на Братислава со локален водич (13.10.2020) , на враќање посета на шопинг центарот (аутлет) „Парндорф“
Патничкото осигурување (околу 200 ден. – по лице).
Билети за локален превоз (2,5 евра во правец)

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ  :
Исклучиво во денарска противвредност

Факултативи

Разглед на Виена со локален водич 10 € по лице (01.10.2020)-минимум 25 патници
Разглед на Братислава со локален водич 20 € по лице (13.10.2020) , на враќање посета на шопинг центарот (аутлет) „Парндорф“ – минимум 25 патници
Билети за локален превоз (2,5 € во правец)

Сместување

Опис на хостелот Wombat’s  и начинот на сместувањето
https://www.wombats-hostels.com/vienna/the-naschmarkt )

– Како што подразбира името, градскиот хостел Вомбат Виена Нашмарк се наоѓа веднаш до најпопуларниот пазар во Виена, Нашмарк. Само излезете од влезната врата за да ги разгледате тезгите со храна и пазарот!
Метро станицата Kettenbrückengasse (U4) се наоѓа на само неколку минути оддалеченост. Од Виена Насмарк Вомбат, уживате во еден од најдобрите погледи на прекрасните антички градби околу оваа област.

Сместувањето е во 1/4 или 1/6 креветни соби (со тоалет и туш кабина) со кревети на кат, секој кревет има приватен гардероб со заклучување.

Сместување 14:00 часот,
Одјавување 10:00 часот
Појадок ( 07:00 – 10:30) вклучено во цена
Туристичка такса – вклучено во цена
Брзжичен интернет – вклучено во цена
Кујна на користење (бесплатно)
24 часа рецепција

Важни информации

Виена, царски град и една од најстарите метрополи во Европа, беше главен град на Австриското Царство и Австроунгарската монархија, кога и го достигнува својот зенит кон крајот на 19.век…омилена дестинација на милиони туристи од целиот свет, најповеќе благодарејќи на многубројните културно-историски споменици, палати и разновидната културна понуда. Виена е и музичка светска престолнина, во која живееле и твореле најпознатите композитори : Хајдн, Моцарт, Бетовен…меѓу многубројните атракции посебно место завземаат Виенската Опера, дворецот Шенбрун, Хофбург, катедралата Св.Стефан, забавниот парк Пратер. Виена неколку години наназад е гласана за град со најдобар квалитет на живеење.

Главниот град на Австрија е културна и историска Мека на Европа која има многу палати, музеи и други архитектонски занимливости. На листата на најпосетени места во градот кои мора да ги посети секој светски патник се токму следните локации.

1.Панорамското тркало Виенер Рајсенрад, Пратер
Ако сакате да ја видите целата Виена одеднаш, качете се на панорамското тркало во состав на забавниот парк Пратер. Станува збор за 65 метри висока градба изградена во 1897 година, која ви обезбедува возење во траење од 20 минути, но и можност за да направите фантастични фотографии.
Цената за влез во Рајсенрад изнесува 9.50 €.

2. Шенбрун, Шенбрунер Шлоштрасе
Барокната палата под заштита на УНЕСКО е една од најголемите туристички атракции во Виена.
Некогашна летна резиденција на Хабсбурговците во која Франц Јосиф се оженил за кралицата Сиси. Спектакуларниот Шенбрун брои околу 1.400 простории, а внимание привлекуваат и неговите величествени градини поради кои го нарекуваат и Мини Версај. Цената за влезница со водич изнесува околу 18.90 €.

3. Виенската зоолошка градина, Шенбрун
ајстарата зоолошка градина во светот е отворена во дамнешната 1792 година како дел од Шенбрун и претставува единствен спој на култура и природа во која е можно да се разгледаат 700 животински видови. Ова е најблиската зоолошка градина во „соседството“ ако во живо сакате да видите големи панди или загрозени сибирски тигри. За деца до возраст од шест години влезницата е бесплатна, постарите деца плаќаат дневна карта од 8 евра, а возрасните 16.50 €.

4. Хофбург, Хелденплац
Во центарот на Виена доминира палатата Хофбург, која до 1918 година се сметала за седиште на Хабсбуршката монархија. Низ времето, овој простор се доградувал и надградувал, па во царскиот комплекс денес се наоѓа и Музејот за природни науки, делови од Музејот за историја на уметноста, Етнолошкиот музеј, Музејот на кралицата Елизабета, австриската национална библиотека и многу други културни задоволства. Посетата чини 12.50 €.

5. Шпанската школа за јавање, Мишелерплац 1
Претставата на Шпанската школа за јавање е ултна виенска институција која опфаќа своевиден „танц“ на коњи липицанер во Кралските штали проследен со класична музика. Картите за оваа аудио-визуелно задоволство морате однапред да ги резервирате (цената е 109 € по личност), но дел од спектаклот може да се види за време на утринскиот тренинг, од вторник до сабота измеѓу 10 и 12 часот, по цена од 35 € за возрасни.

6. Виенската државна опера, Опернринг 2
Ова е најпознатата автриска оперска куќа, но и една од најважните во цела Европа. Во текот на целата година во ова седиште на барокната опера и современиот музички театар, настапуваат Виенската симфонија, Радискиот симфониски оркестар на Австриската радиотелевизија, Хорот Арнолд Шоенберг и многу славни гости. Во зависност од претставата, билетите чинат од 15 до 230 € по лице.

7. Хотелот Сахер, Филхармоникер Ул. 4
аква би била посетата на Виена без уживање во славната Сахер торта? Сахер тортата од бисквити, чоколади и мармалад од кајсии е дело на виенскиот слаткар Франц Сахер, која може да се проба ширум градот.
По изворниот рецепт се подготвува во Хотелот Сахер, а целата торта може да се купи по цена од 23 €.
Добар апетит!


НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:
Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 25 лица.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот или други непредвидени трошоци.
Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
Може да се патува и со валиден пасош ни у со валидна лична карта издадена од МВР .
Организаторот го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на СУПЕР ТРАВЕЛ 


Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија