СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА - КИПАР 03.11.2019

КИПАР 03.11.2019

                                                                               КИПАР


Oтровска држава во Средоземното море, трето по големина. Потеклото на името има повеќе толкувања: од грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, од грчкиот збор кану – kypros, или по латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар.. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар едно од најтоплите острови со исклучително голем број на сончеви денови преку целата година, околу 340 сончеви денови.. На целиот остров владеат топли лета, со просечна температура од 30 °C. Островот Кипар е поделен на грчки и турски дел уште од 1974 година. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа.Бидејќи долго време бил Британска колонија на Кипар се вози од левата страна. Остров каде се мешаат романитката и одморот во релаксирачки природен амбиент.


1 ден: (03.11 - недела) - СКОПЈЕ – ЛАРНАКА - КИПАР

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување за Ларнака во 06:00 ч. Пристигнување во Ларнака во 09:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Слободно време за активности по желба. Ноќевање.

2 ден: (04.11– понеделник) – ЛАРНАКА

Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака е најстариот град на Кипар или неговата ,,душа. Со богата историја која датира од пред 10.000 години Ларнака е ,,душатана Кипар. Централно поставена има многу лесен пристап до и од сите региони долж островот. Денес модерен космополитски град , подеднакво убав и како град и како ресорт. Once you fall in love with Larnaka, you will discover for yourself why both flamingos and visitors always return to their favourite Mediterranean region


                                                       

Факултативна посета на Фамагуста, крајбрежниот град во Ларнака - Патување што Ви дава можност да го посетите прекрасниот крајбрежен град Фамагуста и да одите што е можно поблиску до оградениот и запечатениот дел од градот кој е познат низ целиот свет како „град на духови“. Посетатa на манастирот Свети Барнабас, основачот на кипарската православна црква и античкиот град-кралство Саламис. Следната станица е стариот центар на градот Фамагуста, за да ги видите венецијанските ѕидови во стариот дел од градот и посета на готската црква на Свети Никола и замокот Отело. Последната станица ќе биде плажата сместена веднаш до „Градот дух“, долг дел од златниот песок со кристално чиста вода. Правото место да се освежите после разгледување. Можност за слободни активности и прошетка на преубавите песочни плажи на Ларнака како и можност за капење. Враќање во хотел. Слободни активности.Ноќевање.

3 ден: (05.11 – вторник ) -  АЈА НАПА

Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден во градот Аја Напа.Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и „втора Ибица„ за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови, дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажа, од кои најпознатите се Golden Beach - долга 1 км и Nissi Beach - долга 2 км. Враќање во хотел. Слободни активности.  Ноќевање.

4 ден: (06.11 - среда) – ЛАРНАКА – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Трансфер до аеродормот во Ларнака во 07:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 10:00 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 11:20 часот локално време. 

РАНА УПЛАТА ДО 10.09 – 199 евра

РЕДОВНА ЦЕНА – 249 евра

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;

  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;

  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;

  • Сместување во хотел Crown 3* со појадок - https://www.crownresortsgroup.com/

  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси по лице - 2.460 денари (задолжително)

  • Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm)– 2.400 денари за двата правца

  • Туристичка такса – 280 денари по соба за 3 ноќи (1,5 евро по ноќ по соба)

  • Факултативна посета на Фамагуста со локален водич и  трансфер – 35 евра / Деца од 2-12 години: 20 евра

  • Факултативна целодневна посета на градот Аја Напа со пратител и трансфер - 20 евра

  • Патничко осигурување 150 денари

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија