СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 🎤 КУПИ КАРТИ ЗА СЕ 🎤 - ЛОЛА АСТАНОВА

ЛОЛА АСТАНОВА

ЛОЛА АСТАНОВА

Блескавата девојка на челистот Stjepan Hauser од Хрватското Дуо 2 Cellos со возбудлив концерт во Македонска Филхармонија
Новата сензација на светската музичка сцена Лола Астанова ќе завладее на сцената во Македонска Филхармонија на 9 ноември (сабота), заедно со гудачки камерен оркестар од 8 музичари. Домашната публика ќе има уникатна можност за прв пат да ужива во еден фасцинантен и емоционален концерт на атрактивната пијанистка, која со нејзиниот талент успеа да го сврти вниманието на великаните, како Андреа Бочели, Џон Корбет, музичкиот продуцент Дејвид Фостер, легендарниот пијанист Бајрон Џенис, па дури и Американскиот Претседател Доналд Трамп.
34-годишната Лола Астанова е родена во Узбекистан, а од 2003 година живее во САД.
Позната е по блескавите интерпретации на композициите на Шопен, Лист и Рахманинов, и виртуозните композиции на пијано на хитовите како што се “Don’t Stop the Music” од Ријана, “We are the Champions” na Quinn и “Moonlight Sonata” од Бетовен, којa ја изведува заедно со нејзиното момче Stјepan Hauser од 2 Cellos.
Со повеќе од 100 милиони прегледи на Instagram минатата година, Лола Астанова стана најпопуларниот пијанист во светот, генерирајќи бројки кои се без преседан за класична музика.
Последните години Астанова свири со филхармониите на Јаhја Ling – музички директор и диригент на симфониски оркестар во Сан Диего, камерниот оркестар на Свети Лука во центарот за изведувачки уметности Линколн во Њујорк, Кливландскиот оркестар, а соработувала со диригенти како Eduardo Marturet , Ramon Tebar, Gerard Schwarz. Изведбата “Rhapsody in Blue“ на Gershwin со Gerard Schwarz и учеството на Лола беше вклучено во посебнo телевизиско шоу “All Star Orchestra“ во Њујорк, каде што заслужено доби награда “Еми” за 2016 година. Феноменалниот концерт во Teatro del Silenzio на атрактивната пијанистка со италијанскиот тенор Андреа Бочели, во срцето на Тоскана во 2017, кој собра под отворено небо повеќе од 12,000 гледачи од целиот свет, е опишан како еден од ремек-делата на класичната музичка сцена.
Andrea Bocelli & Lola Astanova - The Journey to the Theatre of Silence:
https://www.youtube.com/watch?v=uEBcct5tnUA

Концертот на брилијантната пијанистка Лола Aстанова, која ќе гостува кај нас за прв пат, ќе биде одржан на 9 ноември во Македонска Филхармонија со почеток во 20:00 часот. Билетите за настанот може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com,
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија