СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - СПОЕНИ ВИКЕНДИ ЛЕТО 2019 - БАНСКО - Сандански

БАНСКО - Сандански

БАНСКО - Сандански

Банско - сместен во подножјето на Пирин планина, чиј највисок врв е Вихрен со 2914 м, со 75 км ски - патеки, со гондола за 8 лица со која се оди до ски – центарот, каде се одржуваат светски купови во скијање, со многу етно ресторани - механи, барови, модерни продавници.


02.08.2019 Поаѓање во 05 ч од Прилеп за Банско преку Кавадарци,Струмица,со попатна посета на бањскиот центар - Сандански, чие старо име е Свети Врач, а се смета дека тука е роден Спартак, кој го кренал востанието против Рим.Слободно време за прошетка во центарот на Сандански.Продолжување за Банско,сместување во хотел Mountain Paradise Apart 4*. Можност за бесплатно користење на затворен базен, џакузи ,сауна, фитнес , wi - fi во хотелот. Вечера. Ноќевање.

03.08.2019 Појадок. Можност за бесплатно користење на затворен базен, џакузи, сауна, фитнес, wi-fi во хотелот. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности во Банско. Вечера. Ноќевање.

04.08.2019 Појадок.Можност за бесплатно користење на затворен базен, џакузи, сауна, фитнес, wi-fi во хотелот.Факултативен излет со автобус до ски терените на Пирин планина. Ручек. По ручекот поаѓање за Македонија и пристигнување во вечерните часови.


ЦЕНА: 4600 денари

Деца до 6 години плаќаат 900 денари, од 6 -12 години 2400 денари а деца над 12 години 2900 денари и користат седиште во автобус, дополнителен кревет и храна и пијалоци.

Со сопствен превоз - 3300 денари Деца до 6 години гратис, од 6 - 12 години плаќаат 50 %, а деца над 12 години 70 % од цената во соба со 2 возрасни.


Во цената е пресметано:

  • автобуски превоз на дадената релација;

  • 3 полни пансиони-ALL во хотел Mountain Paradise Apart или Sunrise Park 4* (појадок, ручек и вечера шведски стол и бесплатни домашни пијалоци за време на оброците + бесплатно користење на затворен базен, фитнес, сауна...)

  • попатна посета на Сандански

  • придружник и организација на патувањето.

Во цената не е пресметано:

  • патничко здравствено осигурување – 150 денари

  • доплата за излет до ски терените со автобус - 5 еур

  • влезници за евентуалните културно историски споменици

Напомена: За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Супер Tравел и СКТМ.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија