СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊЕ - Мексико / Канкун

Мексико / Канкун

МЕКСИКО – По стапките на Маите и одмор на белите песочни плажи во Канкун

06.12.2019 – 17.12.2019 
 (11 дена / 9 ноќевања)

Мексико се смета за една од најпопуларните туристички дестинации. Испреплетеноста на традиционалниот со модерниот живот овозможува Мексико да нуди многу разновидности надополнети од страна на уникатни археолошки локалитети, пустини и врвови на Андите, вулкани и песочни плажи, мали  колониални градови со зачувана  архитектура на шпанските  освојувачи и  остатоци од  античките  населби и светилиштата на Маите и Ацтеките. 
Културата на Маите владеела на полуостровот Јукатан, на југоисточната страна на Мексико, затворен од Мексиканскиот Залив и Карипското Море.  Во оваа област, Маите го достигнале својот  супериорен степен на развој. Сепак, цивилизацијата на Маите достигнала огромно проширување, од јужното Пацифичко крајбрежје на Мексико до Централна Америка. Трагите на номадските населби на Маите се враќаат во 1500 година п.н.е. Познати во нивните градежни техники, нивните врежани натписи на нивните Пирамиди, згради и храмови. Маите развиле структура на пишување, користејќи хиероглифи и така воделе запис за наодите на Маите во математиката, архитектурата и астрономијата.  
‘’Акцентите на Јукатан’’ е комплетна тура во  светот на Маите вклучувајќи го и Канкун, градот кој се наоѓа на Карипско Море со 22 километри бели песочни плажи и тиркизна вода. Поделен на пет зони, островот Канкун е првата и најважна хотелска зона,  каде што се концентрирани повеќето од плажите и туристичките активности. Во моментов, оваа дестинација е дом на најголемите хотелски ланци во светот, луксузни одморалишта, ресторани и барови, продавници од светски познати брендови, трговски центри, терени за голф и ноќни клубови. Канкун е една од омилените дестинации на голем број туристи во светот кои  што уживаат во прекрасното време, најубавите плажи во земјата, гастрономијата и многубројните продавници. Посетителите можат да уживаат во разни активности и неверојатен панорамски простор, што ќе им даде чувство дека се  во рајот.

svetsko cudo

ГАЛЕРИЈА

ЦЕНОВНИК

 

ХОТЕЛ 4* 
 OASIS PALM 4* КАНКУН

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ

06.12.2019 – 17.12.2019  

ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ

07.12.2019 – 16.12.2019

УСЛУГИ

3BB + 6AI

НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ

9Н / 11Д

Цена по лице во двокреветна соба 
за резервации до 30.Април.2019

1795€ / 111.290мкд

Цена по лице во двокреветна соба

1955 / 121.210мкд

Доплата за еднокреветна соба

395€ / 24.490мкд

 

Програма на патување:

1 ДЕН  (06.12.2019 – петок)                             СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАНКУН       
Состанок на патниците нa аеродромот „Скопје“ во 06:50 часот. Полетување за Истанбул  во 08:55 часот со лет ТК1004. Пристигнување во  Истанбул во 12:25 часот. Полетување за Канкун во 21:45 часот со лет TK181.

2 ДЕН (07.12.2019 – сабота)                             KАНКУН
Пристигнување во Канкун во 08.40 часот ( локално време). По завршување на пасошка и царинска контрола, трансфер до хотелот во центарот на Канукун. Сместување во соби според правилата на хотелот. Слободно време за одмор, уживање на плажа или за индивидуални разгледи. Ноќевање


3 ДЕН (08.12.2019 – недела)                           KАНКУН – ТУЛУМ – КОБА – МЕРИДА              

По појадокот  со спакуван багаж заминување од Канкун до Мерида, попатна посета на Тулум во јужниот дел на Канкун. Овој град на Маите, изграден по крајбрежјето, бил значаен за големата трговска мрежа што Маите ја воспоставиле со Централна Америка. По ова се упатуваме кон Коба, најголемиот град на Маите, на полуостровот, кој бил комерцијален управувач на своето време со огромна мрежа на патеки, каде најдолгата е 100 километри, поврзувајќи ја локацијата со други важни градови на своето време. Се сместуваме во хотел во  Мерида. Ноќевање  

4 ДЕН (09.12.2019 – понеделник) МЕРИДА – КАБАХ – УКСМАЛ – МЕРИДА        
По појадокот заминуваме кон Уксмал, град на Маите кој бил  три пати изграден  на јужниот дел на Јукатан подобро познат како “Puuc region” Маjски збор за “планински венец”. Куќата на гувернерот и храмот на волшебникот се сметаат за архитектски  чуда, од експерти за нивната прецизна конструкција и убавина. Незаборавно искуство во текот на прошетката во еден од најубавите и најдекориран град што некогаш го изградиле Маите. Каба, исто така, е дел од ” Puuc region ” се карактеризира со истакнување на “Chaac”, богот на дождот, кој е почитуван, магичен  и евоциран преку магичното повторување на оваа слика. Враќање во Мерида. Ноќевање

5 ДЕН (10.12.2019 – вторник)                          МЕРИДА – ЧИЧЕН ИЦА – ВАЉАДОЛИД – КАНКУН      
По појадокот со спакуван багаж продолжуваме со турата. Во текот на враќањето кон Канкун ќе го посетиме археолошкиот локалитет  Chichen Itza, ” Mouth of the well of the Itzaes “, со својата импресивна градба: прекрасниот замок или пирамида од Кукулкан, што е одличен пример за напредната цивилизација која живеела таму и ‘’Ball court’’. Опсерваторијата и ‘’Sacred well will of breathtaking’’. Како последна станица пред враќањето назад во Канкун или Ривиера Маја, ќе го посетиме Ваљадолид, кој бил колонијален град основан во 1543 година. Пристигнување во Канкун, сместување во хотел и ноќевање.

6 – 10 ДЕН (11.12.2019 – 15.12.2019 – среда до недела)     КАНУКН
 Слободни денови, време за одмор и индивидуални активности.  Слободно време -  Пливање, масажи, убави плажи, бел песок, тиркизни, топли води, феноменален зајдисонца и екскурзии, ќе направат да се чувствувате како неверојатно. Време резервирано исклучиво за уживање! Можност за организирање на факултативни екскурзии:

11 ДЕН (16.12.2019 – понеделник)              КАНКУН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ       
Појадок, одјавување на собите. Трансфер за на аеродром. Лет кон Истанбул ТК181 во 10:10. Пристигнување во Истанбул на 17.12.2019(вторник) во 06:15. Лет за Скопје на 17. Декември со лет ТК1003 во 08:30, пристигнување во Скопје во 08:00 часот.

 Цената влучува:

  • Авионски превоз Скопје – Канкун – Скопје,  со вклучени аеродромски такси
  • 3 ноќевања во Хотели со  4*на база ноќевање со појадок
  • 6 ноќевања во Oasis Palm 4* на база All Inclusive
  • Кружна тура по стапките на Маите, со вклучени посети на аерхелошките локалитети
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром  
  • Техничко водство / Пратител на групата, доколку групата е над 15 патници

 Цената не вклучува:

  • Влезна виза за Мексико (се вади во Белград, за повеќе информации ве молиме обратете се во Агенција);
  • Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Бакшиши за локалните возачи и водичи

 

Забелешки:

Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 15.

  • Организатор на ова патување е Супер Травел.
  • За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
  • Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија