СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 🎤 КУПИ КАРТИ ЗА СЕ 🎤 - HUNGARORING 2019 Будимпешта, 02-05.08.2019

HUNGARORING 2019 Будимпешта, 02-05.08.2019

ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕН, петок, 02.08.2019

Поаѓање од  Скопје во 18 ч, паркинг пред Хотел ВИП, спроти Скопски саем. Ноќно возење преку Србија, со повремени паузи по мотели.

ВТОР ДЕН, сабота, 03.08.2019

Пристигнување на патеката HUNGARORING околу 10 ч. Купување влезница, следење на пред настаните и квалификациите за пол-позиција Собирање на групата по завршувањето на квалификациите и заминување кон хостелот во Будимпешта (15 км од автодромот). Сместување околу 17 ч, 3-4 креветни соби (можност за добивање на двокреветна со извесна доплата на лице место, но со претходна најава). Слободно попладне и слободна вечер за заедничко излегување до Центар. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН, недела, 04.08.2019

Напуштање на хостелот. Заминување на Хунгароринг околу 9 ч.  Следење на преднастаните (од 10 ч натаму) и главната трка од 14 до 16 часот. Собирање на групата на договорено место во 17 часот и заминување кон дома. Ноќно возење преку Србија.

ЧЕТВРТИ ДЕН, понеделник, 05.08.2019

Пристигнување во Македонија околу 9 часот наутро

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 7900 ден

Аранжманот опфаќа:

*автобуски ПРЕВОЗ според програмата,
* ЕДНО НОЌЕВАЊЕ во хостел (место во 3-4 креветна соба) во Источниот дел на Пешта
*организација на патувањето

Аранжманот не опфаќа:

*ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА ТРКАТА (ГАРАНТИРАНО ги обезбедуваме на лице место по цена на денот (110 евра викенд пакет или 80 евра само за недела). Станува збор за влезници од типот ЏЕНЕРЛ АДМИШН, трибините се значително поскапи.
* меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)

  • За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија