СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ВИКЕНД ПОНУДИ - МАНАСТИР ОСТРОГ-10.05.-12.05.2019

МАНАСТИР ОСТРОГ-10.05.-12.05.2019

МАНАСТИР ОСТРОГ


10.05.2019 Ден 1(Петок)


Состанок со групата во 22:00 часот. Заминување од Кавадарци кон Црна Гора во 21:00 часот (ноќно возење). Се патува преку Koсово, Албанија, Црна Гора со попатни паузи за одмор и царински формалности.

11.05.2019 Ден 2(Сабота)


Пристигнување во Будва во утринските часови,посета на св. Стефан-едно од најатрактивните места во црногорското приморје,продолжуваме кон манастирот Свети Василиј Острошки и сместување по желба на патниците во Горниот или Долниот конак. Факултативен разглед на околината каде се наоѓа манастирот посветен на Св. Троица и црквата посветена на Светиот маченик Станко, овчар од селото Подвраќе кај Даниловград, на кого му се пресечени рацете и е погубен од Турците во

1712 година. По желба искачување пешки или со локален минибус до Горниот Манастир. Поклонение на моштите на Светителот. Вечерната служба почнува во 17 часот. Посетителите кои ноќеваат во Долниот конак, до 21-22 часот потребно е да се сместат во собите во конакот каде ќе преноќат.

12.05.2019Ден 3(Недела)

Факултативно – во недела наутро присуство на Литургијата во Горниот манастир, која вообичаено се одржува од 06:00 до 07:30. По завршувањето на Литургијата спуштање до Долниот конак. Тргнување кон Кавадарци. Попатна пауза во трговскиот центар Делта во Подгорица. Пристигнување во Кавадарци во вечерните часови.



Цена на аранжманот: 1.600 мкд


Аранжманот вклучува:

1. Превоз со високотуристички автобус

2. Ноќевање во Горниот конак

3. Придружник за време на патувањето

Во цената не е вклучено:

1. Ноќевање во Долниот конак 5 еур (се плаќа во конакот)

2. Превоз (по избор) со локален минибус од Долниот до Горниот Манастир по цена од 1 еур за лице во правец

3. Туристичка такса во Црна Гора-1 еур


Дополнителни информации:

Потребно е да се понесе храна за време на патувањето

Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;

- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;

- Уплата исклучиво во денари.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија