СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ВИКЕНД ПОНУДИ - ЉУБЉАНА – БЛЕД – ЦИРИХ – ЛУЦЕРН – МИНХЕН /11.04-18.04.2019

ЉУБЉАНА – БЛЕД – ЦИРИХ – ЛУЦЕРН – МИНХЕН /11.04-18.04.2019

1 ден 11.04.2019 ( четврток ) Штип/ Кавадарци / Неготино/ Велес/ Скопје - Љубљана Поаѓање од Штип во 16.00 часот, паркингот кај Новата Пошта, од Скопје во 18.00 часот, паркингот кај хотел Вип. Организирано поаѓање од градовите: Кавадарци, Неготино, Велес. Патот води преку Србија, Хрватска до Словенија. Дневно и ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. 
2 ден 12.04.2019 ( петок ) Љубљана – Блед Пристигнување во Љубљана во утринските часови – Разглед на Љубљана со локален туристички водич: симболот на градот-Змејскиот Мост, трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франце Прешерн, Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер. По разгледот продолжување кон Блед- бисерот на Словенските Алпи. Сместување во хотел. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити... Ноќевање  

3 ден 13.04.2019 ( сабота ) Блед Појадок. Слободен ден за прошетка низ Блед. Можност за посета на островот во езерото. Денес на неговата територија се наоѓа црква и прекрасен дворец. Камбанаријата на оваа црква е мотив по кој се препознава ова место. Постои една интересна легенда поврзана со Блед. Имено, вдовицата Поликсена, по смртта на својот маж, целото злато и сребро кое го имала го дала за да се направи ѕвоно во негов спомен. Ѕвоното се правело во Италија и при неговото пренесување бродот потонал, а вдовицата се замонашила во Рим. По нејзината смрт Папата испратил ново ѕвоно, кое се нарекува „Ѕвоно на желбите” и се верува дека на секој што ќе го допре ќе му се исполни една желба. Враќање и можност за посета на замокот Блед кој е стар повеќе од 1000 години. Замокот се наоѓа на височина од 100 m. Во вечерните часови поаѓање за Луцерн ( 750 km ). Ноќно возење до Луцерн.  
4 ден 14.04.2019 ( недела ) Луцерн – Цирих Пристигнување во Луцерн. Разглед на градот: Градското пристаниште на едно од најубавите езера во Швајцарија, Луцерншко Езеро, познатиот културен центар KKL, најстариот мост Капелбруцке, катедралата Jesuitenкirche, Градското Собрание, мостот близнак на Капел Бруцке (со кој биле обележани границите на стариот град ), Стариот град и неговите живописни улички, градските ѕидини од каде има прекрасна панорама на градот, момументалниот споменик на Швајцарската гарда – Луцерншкиот ЛАВ, продолжуваме покрај старата Швајцарска Куќа (ресторан), катедралата Св. Леодгер… Слободно попладне за индивидуални активности во центарот на градот, како и можност за прошетка на променадата и уживање покрај Луцерншкото езеро и прекрасните планински пејзажи. Поаѓање кон Цирих. Сместување во хотел. Ноќевање 
 
5 ден 15.04.2019 ( понеделник) Цирих - Минхен Појадок. Разглед на Цирих со водич. Стариот град – Niederdorf, Grossmunster – стара романска црква од 1519 год., Fraumunster – стара готска црква од 853, Lindenhof – живописно брдо со тесни улички, Landmuseum – музејскиот кварт, железничката станица… Слободно попладне за индивидуални прошетки. Попладнето околу 17.00часот поаѓање кон Минхен. Дневно и вечерно возење до Минхен (-310 км ). Пристигнување во Минхен. Сместување во хотел. Ноќевање. 

6 ден 16.04.2019 ( вторник) Минхен Појадок. Разглед на градот со локален водич: Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац. Враќање во хотел. Ноќевање  

7 ден 17.04.2019 ( среда ) Минхен – Скопје/Штип Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки низ Минхен. Во пладневните часови посета на пивницата – Хофбројхаус - најпознатата пивница во светот која е во самиот центар на градот. Во вечерните часови поаѓање кон Македонија. Ноќно возење до Македонија (1400 км).  

8 ден 18.04.2019 ( четврток) Пристигнување во Македонија во пладневните часови. 


Цена: 19.700,00 денари за плаќање до 20.02.2019 
Цена: 21.700,00 денари   




Во цената на аранжманот е вклучено 
 превоз со високо туристички автобус 
 појадок во режија на агенцијата ( првиот ден ) 
 1 ноќевање со појадок во хотел 3 * во Блед 
 1 ноќевање со појадок во Цирих ( хотел во близината на градот )
 2ноќевања со појадок во хотел во околината на Минхен 
 Разглед на Љубљана, Минхен, Цирих со локален водич 
. Организација и реализација на аранжманот со лиценциран туристички придружник 
Во цената на аранжманот не е вклучено
  туристички такси во хотелите во Блед – 2 €, Цирих – 4 €, Минхен – 8 €(задолжителна доплата во агенција) 
 патничко осигурување – 6 € за лица до 75 години ( задолжително ) 
 влезници за културно-историски споемници
 
Општи напомени : 
 ТА СУПЕР ТРАВЕЛ  го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. 
 Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата 
 За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. 
 Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања. 
 Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници! 
Важат општите услови за патување на ТА СУПЕР ТРАВЕЛ  и СКТМ
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија