СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊЕ - Куба-10.04.2020

Куба-10.04.2020

КУБА – НАЈДОБРОТО ОД КАРИБСКИТЕ ОСТРОВИ

10.04 - 22.04.2020

ЗЕМЈАТА НА МОХИТО, САЛСА И КУБАНСКИТЕ ПУРИ

Карибски со шеќерно бели плажи, прошаран со полиња на кои се одгледува тутун, кој игра значителна улога во процесот на производство на легендарните кубански пури. Главен град е Хавана, каде може да се видат куќи со пастелни фасади, автомобили од 1950–тите и шпански колонијален стил кој датира од 16 -ти век. Во клубовите може да слушнете прекрасна салса музика, а во прекрасните кабаре шоуа ќе уживате во познатиот клуб Тропикана. Куба често е нарекувана уште и El Caiman или El Crocodrilo (на шпански крокодил), поради нејзиниот облик кој наликува на овој влекач. Откриена од Кристофер Колумбо во 1492 г. и колонизирана од Шпанија, Куба е најпопуларниот остров во средна Америка која е живеалиште на 11 милиони жители. Името Куба е преведено од Таино јазикот кој значи „каде има плодна земја во изобилство “ (Cubao) или „прекрасно место“(cobana). Америка ја превзема контролата на властта во Куба во 1898 г. за време на Шпанско – Американската војна. Во 1902 Куба станува независна земја. За време на Кубанската Револуција од 1953 до 1959 г., Фидел Кастро ќе го замени Фулегенсио Батиста. Кастро ја прогласи Куба за социјалистичка држава во 1961г. Тој остана претседател на Куба се до 2008 г. кога ја префрли контролата на власта на не говиот брат Раул.
Варадеро најексклузивнот, а воедно и најпознато летувалиште во Куба во кое се уште владеат браќата Кастро, а се наоѓа на околу 150 километри источно од главниот град Хавана, при што денес претставува еден од најзначајните туристички центри на Карибите.

ПРОМОТИВЕН ПОПУСТ ОД 150 ЕВРА ЗА ПРВИТЕ 4 МЕСТА!!

ХотелиУслугаПо лице во
двокреветна соба
Еднокреветна собаТрет возрасен
во двокреветна соба
Memories Varadero 4*- VaraderoAll Inlcusive1720 €1999 €1700 €
PANORAMA 4* - HavanaBB

***можност за плаќање на 12 или 24  месечни рати со 0% камата **

ГРАНД ТОТАЛ ЦЕНА – БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ!!

ПРОГРАМА

1 ден (10.04.2020 - Петок) СКОПЈЕ– ИСТАНБУЛ

Состанок на групата и средба со водичот во 18:55 часот на Меѓународниот аеродром Скопје. Полетуваме од Скопје кон Истанбул во 20:55 часот. Слетуваме во Истанбул во 23:30 часот, а летот кон Хавана е во 01:45 часот.

2 ден (11.04.2020 - Сабота): ИСТАНБУЛ – ХАВАНА 

Слетуваме во Хавана во 08:10 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, започнува нашата авантура на карибскиот остров!! Заедно со локалниот водич ќе појдеме на панорамски разглед на новиот и стариот дел на Хавана во кој ќе имаме можност да видиме интересни места познати по својата историска вредност, како старата претседателска палата, централниот парк, плоштадот на револуцијата, (кратка пауза), Универзитеот во Хавана. Во стариот дел на градот ќе ги видиме Plaza Vieja, Plaza de la Cathedral, Plaza de Armas, Plaza San Francisko de Asis. Ќе го посетиме градскиот музеј, Палатата на Генералите и Капетаните и познатиот бар Florida, како и тврдината Morro. Следува Пауза за ручек (вклучен во цената). По паузата следува трансфер до хотел во Хавана,   Memories Miramar (или сличен) *(Пријавување во хотелите на Куба е од 15.00 часот). Слободно време за прошетки во Хавана  или дополнителна екскурзија  *TROPICANA CABARET (трансфер во 18.30 од хотелот + влезница). Шоуто започнува во 22 часот при што ќе уживате во прекрасниот и мистериозен клуб Тропикана, светски познато кабаре и ноќен клуб во Хавана, некогаш познат како "најатрактивен и извонреден ноќен клуб во светот". Уживајте во спектаклот и сложената кореографија на повеќе од 200 изведувачи (танчери и пејачи). Искуство кое секогаш ќе остане во Вашите сеќавања. Ноќевање.

3 ден (12.04.2020 - Недела): ХАВАНА

Појадок во хотелСлободно време индивидуални активности и прошетки во Хавана или  предлог дополнителна екскурзија Vinales tour (со доплата). Тргнување од хотелот околу 09:00 часот на целодневен излет до Viñales, кој се наоѓа во Pinar del Rio Province, на 140км западно од Хавана (местото каде расте и се обработува најдоброто светско тобако). Попатно застануваме во Pinar del Rio каде ќе посетиме фабрика за цигари и бидеме сведоци на мануелниот процес на производство на истите. Продолжуваме кон Viñales. Овде се наоѓаат најстарите геолошки формации на Куба како и прекрасна долина со пејзаж кој е единствен во светот. Во Viñales ќе ги посетиме истоимената долина, El Mural de la Prehistoria – праисториски мурал, кој е насликан на камен и ја опишува еволуцијата на човештвото. Следува посета на древната пештера La Cueva del Indio, при што ќе имаме можност за влез во пештерата, каде на крајот се наоѓа субтеренска река. Пловиме со брод до другата страна од планината. Ручек и време за релаксација. Враќање во хотелот околу 17:00 часот. Слободна вечер за индивидуални активности. Нокевање.

4 ден (13.04.2020 - Понеделник): ХАВАНА ВАРАДЕРО

Појадок и одјавување од хотелот. Во однапред договорено време се упатуваме кон едно од најпознатите летувалишта во светот – Варадеро! (145 километри со попатна пауза). Пристигнуваме во Варадеро и се сместуваме во  хотел  Memories Varadero 4, Варадеро – или сличен (услуга Се’ вклулено). Сместување во соби според правилата на хотелот. Слободно време за одмор и уживање на песочна плажа и услугите на хотелот. Ноќевање.

5 ден (14.04.2020 – Вторник)): ВАРАДЕРО (All Inclusive)

Појадок во хотел. Ден предвиден за слободни активности или можност за дополнителна ексурзија *Bueno Vista Social club: Посета на клуб во кој свири бенд со Кубанска музика - Bolero, Son и Latin Jazz. (трансферот не е вклучен , на лице место на состанокот ќе биде договорено). Ноќевање.

ден (15.04.2020 - Среда): ВАРАДЕРО (AllInclusive)

Појадок во хотелДен предвиден за слободни активности или можност за дополнителна ексурзија*Заливот Матанзас со долината Јумури: 30 минутно крстарење со брод  по реката Canímar - заштитена област каде ќе имате можност да ја видите прекрасната Кубанска вегетација. Турата до заливот Matanzas или Градот на мостовите, озможува да ги посетете најатрактивните знаменитости овде, односно: Фармацевтскиот  музеј, француската аптека од 1882 година, Парк де ла Либертад (плоштад Либерти), Монсеррат Хајтс, како и една од црквите во градот. Прошетка низ долината и пауза за одмор во Rancho Gaviota, каде ќе Ве пречека коктел за добредојде, ќе имате можност да посетите селска куќа и фарма и ќе уживате во типичен кубански ручек. Слободно време за јавање коњи и наутички спортски активности во езерото. Турата завршува со посета на Cuevas de Bellamar (пештерата Беламар). Враќање во хотел. Ноќевање.

7 ден (16.04.2020 – Четврток): ВАРАДЕРО (AllInclusive)

Појадок во хотел. Ден за слободни активности и уживање на песочните плажи. Ноќевање.

8 ден (17.04.2019 - Петок): ВАРАДЕРО (All Inclusive)

Појадок во хотелДен предвиден за слободни активности илиможност за дополнителни ексурзии *Crucero Del Sol Excursion(од 09.00-17.00 часот): Исклучителна програма за поморски активности во Варадеро, каде ќе уживате во прекрасен ден на плажа, во комбинација со чудата на подводниот свет, пловејќи по северните заливи, со изворедна флора и фауна. Разладување со кубански пијалоци (вклучени за време на едрењето и на плажа), нуркање со прекрасно морско дно, време за интерактивен контакт со делфините во морето и слободно време за уживање на плажа во Cayo Blanco. Следува учек базиран на морска храна. Ноќевање.

9 ден (18.04.2020 - Сабота): ВАРАДЕРО (All Inclusive)

Појадок во хотел . Ден за слободни активности и уживање на песочната плажа. Ноќевање.

10 ден (19.04.2020 - Недела): ВАРАДЕРО (All Inclusive)

Појадок во хотел. Ден предвиден за слободни активности илиможност за дополнителни ексурзии *Излет Трите града од 06:30 - 20:30 часот (Santa Clara, Trinidad, Cienfuegos): Панорамски разглед на градот Санта Клара (Santa Clara), вклучувајќи го  Мавзолејот на Ернесто Че Гевара (Ernesto Che Guevara) како и националниот споменик Tren Blindado. Продолжуваме кон градот Тринидад кој поради неговиот колонијален стил е прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО. Plaza Mayor, еден од градските музеи, La Canchánchara Bar за дегустација на типичен кубански пијалок, како и други места од туристички интерес кои ќе бидат дел од оваа тура. Време за ручек во ресторан во градот.

Веднаш потоа, го продолжуваме нашиот пат кон градот Cienfuegos, најмладиот град на островот, кој го основале француските доселеници од Хаити. Се враќаме назад во хотелот во Варадеро околу 20:00 часот. Ноќевање.   

11 ден (20.04.2020 - Понеделник): ВАРАДЕРО (All Inclusive)

Појадок во хотел . Ден за слободни активности и уживање на песочната плажа. Последна вечер на островот кој го носи ептетот “рајот на земјата”. Припрема за заминување. Ноќевање.

12 ден (21.04.2020 - Вторник): ХАВАНА - ВАРАДЕРО 

Рано изутрина, во однапред договорено време со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Хавана за летот кон Истанбул кој е во 09:35 часот. Пристигнуваме во Истанбул во 09:05 часот локално време. Летот кон Скопје е во приквечерните часови, поточно 19:30 часот. Пристигнуваме во Македонија во 20:00 часот.

КРАЈ НА ПРОГРАМАТА!

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Хавана-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines;
  • Аеродромски такси;
  • Рачен багаж до 7кг.
  • Чекиран багаж до 30кг.
  • Трансфер на релација аеродром Хавана – Варадеро – аеродром Хавана;
  • 2 ноќевања со појадок во Memories Miramar, Хавана (или сличен);
  • 8 ноќевања со услуга СЕ ВКЛУЧЕНО во Memories Varadero 4*, Варадеро (или сличен);
  • Разглед на Хавана со локален водич на англиски јазик и вклучен ручек;
  • Придружник од АТЛАНТИС за време на целото патување;

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Патничко осигурување – задолжително (информации во агенција);
  • Индивидуални трошоци;
  • Факултативни излети;

Факултативни излети:

  • Bueno Vista Social club tour - Цена по лице: 59€
  • Vinales tour од Хавана- Цена по лице: 95€(се препорачува) 10 часа
  • Излет до Трите града (Santa Clara, Trinidad, Cienfuegos) / Цена по лице: 98€
  • Crucero Del Sol Excursion - Цена по лице:  110 € (се препорачува)
  • Заливот Матанзас со долината Јумури (Matanzas – YumuriExcursion) - Цена по лице:  66 €
  • TROPICANA CABARET - Цена по лице:  95€
  • ”Bay of pigs” – Цена по лице: 60 €

*Пријавувањето на факултативните излети се извршува во канцелариите на Т.А Супер Травел, најдоцна 30 дена пред реализација на патуавањето. Доколку не се исполни потребниот минимум за факултативни излети, истите ќе има можност да се резервираат на лице место во хотелот.

Услови за резервација:

  • При резервација неопходен е депозит од 50% од вкупната цена на аранжманот, кој е неповратен во случај на отказ од страна на корисникот на услугата;
  • Патна исправа со валидност минимум 6 месеци од датумот на враќање во матичната држава.

Рокови за отказ на аранжманот од страна на корисникот на услугата и пенали:

  • Над 60 дена пред датумот на реализација се задржува износот на уплатениот депозит;
  • Помеѓу 60-тиот и 20-тиот ден пред датумот на реализација се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • Помалку од 20 дена пред датумот на реализација се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

Напомена:

Минималниот број за реализација на ова патување е 16 патници. Во случај на недоволен минимум од 16 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но реализацијата ќе биде без претставник од агенцијата.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КУБА:

Куба е островска држава во Централна Америка. Главен и најголем град е Хавана со околу 2 милиони жители, додека целата држава брои 11 милиони жители. На јужниот дел, Куба излегува на Карипско море, додека на северната страна кон Мексиканскиот залив и Атланскиот океан.

  • Површина на Куба: 109,884 km²
  • Број на жители: 11 милиони
  • Главен град: Хавана
  • Националност: Кубанци
  • Официјален јазик: шпански
  • Вероисповед: воглавно атеистичка држава, католици околу 60%.
  • Независност: 20.05.1902
  • Виза: За македонски државјани не е потребно претходно обезбедување на виза.
  • Временска зона: UTC -5, односно -6 часа во однос на Македонија.
  • Клима: На Куба владее тропска клима, каде просечната годишна температура е 25°C (јануари 23°C/јули 27°C). Влажноста на воздухот е доста висока.
  • Храна: Во кубанската кујна пред се преовдалува храна со рибни специјалитети и морски плодови, како и секаков вид на месо кое се служи во комбинација со ориз. Национално јадење е Ropa Vieja – говедско со зеленчук. На Куба постојат разни видови на овошје и зеленчук кои не се одгледуваат во Европа (гвајаба, ананас, маланга, јука). Препорачуваме на конзумација на храна исклучиво од ресторани, освен овошје и зеченчук кои се продаваат на пазарите. Цените се слични како и во Европа (оброк би чинел околу 10-15 евра). Задолжителна конзумација на флаширана вода.
  • Медицинска имунизација: При патување на Куба не е неопхадна вакцинација, но советувајте се со надлежниот институт за Јавно Здравје. Пожелно е да понесете со себе лекови од типот на: пробиотик, фервекс и лекови против болки и температура (за секој случај). Аутан (против комарци) како и крма против сонце.
  • Безбедност: Ситуацијата на Куба е безбедна и степенот на криминалот е доста ниска. Во секој случај советуваме да внимавате на ситни кражби во големите градови и туристички места. Уличните прошетки се слободни дури и во вечерните часови. Дрогата на Куба е илегална и како таква е казнива по закон.
  • Облека: Со оглед на високите температури во текот на целата година, потребно е да понесете летна облека, но и облека по долги, пред се поради времето поминато во авион, но и при престојот на Куба каде во зимскиот период се случува намалување на температурите (во текот на ноќта). Капа и шешир при заштита од сонце, како и удобни патики доколку патувате на излети надвор од градовите (водопади, планини и слично).
  • Валута: На Куба се користи валута CUC – конвертабилен пезос чиј курс изнесува 1€-1,1CUC. Менувањето на валутите се извршува во менувачници кои се државни при што курсот во сите е идентичен. Препорачуваме со Вас да носите евра, бидејќи провизијата при менување на долари е доста повисока. Советуваме да носите со Вас готовина, бидејќи плаќањето со картици не е достапно, а банкоматите не често се во функција и во голем број.
  • Комуникација: Нашите мобилни оператори фукнционираат на Куба. Интернетот е достапен во некои места (wi-fi parkovi, лоби просториите на поголеми хотели), но за користење на истиот се потребни картици кои се купуваат дополнително и чинат отприлика 1h-2€. Поради ова не препорачуваме носење на лап-топ бидејќи интернет конекциите не се секогаш функционални. Овде исто така, неможе да купите кубанска картица за мобилен телефон.
  • Струја: За полнење на Вашиот мобилен телефон потребно е да имате адаптер (конвертер) со два тенки излези.

 

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија