СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 🤽 🤽ЛЕТО 2024🏊‍♂️ 🏄‍♂️ - ☀️🌊ШПАНИЈА / ЛЕТО - Коста Брава (Adults Only 18+)

Коста Брава (Adults Only 18+)

Коста Брава Лето 2024

(Лорет де Мар, Барселона)  - (Adults Only 18+)


Коста Брава е крајбрежен регион на Каталонија во североисточна Шпанија. Се смета дека се протега од градот Бланес, 60 км. североисточно од Барселона, до француската граница - со други зборови се состои од брегот на провинцијата Гирона.Брег исполнет со нерамни заливи, средновековни села, песочни плажи, лозја и секако делата на Салвадор Дали. Многу патници доаѓаат во овој живописен регион на Шпанија за да ги истражат селата со најразлични екскурзии, пловења со катамарани,патувања со кајак или со посета на саканиот град Барселона.

Барселона есофистициран и тренди главен град на Каталонија полн со позитивна енергија кој нуди единствен летен одмор во којможе да се ужива и во изобилство на култрурно-уметнички, гастрономски и урбани доживувања. Град кој симболизира забава,дружење, различност, авантури, а пред се е град со богата душа.

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

01 ДЕН СКОПЈЕ – СОФИЈА –БАРСЕЛОНА – ЛОРЕТ ДЕ МАР 

Состанок на групата пред хотел Континентал во договорено време и поаѓање за Софија. Пристигнување на аеродромот во Софија три часа пред летот кој полетува за Барселона во 10:15 часот и слетува во 12:10 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Лорет де Мар.

Сместување и слободно време за одмор за уживање на локалната плажа.

Кратка прошетка во околината и забава во ноќен клуб до раните утрински часови.

02 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР

Слободно време за уживање и заедничка дружба на една од плажите во Лорет де Мар.

Во попладневните часови враќање во хотел, кратка пауза за подготовка и прошетка во Лорет де Мар.После прошетката посета на ноќен клуб и забавадо раните утрински часови.

03 ДЕН БАРСЕЛОНА

Слободно време за релаксација на плажата во Лорет де Мар и дружба во некој од beach баровите во кои секојдневно се организираат различни забави.

Во попладневните часови се упатуваме кон Барселона каде разгледот го започнуваме со посета на плоштадот Каталонија,  авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија, Готскиот кварт... Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во светот.

Враќање во Лорет и забава во ноќен клуб.

04 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР

Слободен ден за уживање на плажа во Лорет де Мар или некој од околните градчиња како што се Бланес или Калела.

Во вечерните часови прошетка во Лорет. После прошетката групата се упатува на забава во еден од многубројните клубови во градот до раните утрински часови.

05 ДЕН BOAT PARTYпо брегот на Коста Брава

Неколку часовно крстарење со катамаран по брегот на Коста Брава. Турата започнува од Лорет де Мар и е во времетраење од околу 4 часа. Прво се упатиме на север во потрага по прекрасните заливи и пештери кои се наоѓаат помеѓу Кала Левадо, Тоса де Мар и Кала Футадера. За време на целото патување можеме да пиеме безалкохолни пијалоци, сангрија и пиво.

Во текот на крстарењето ќе се закотвиме во заливот со можности за капење, нуркање и сончање. За време на паузата ќе се служи ручек: тестенини со салата или „Al dente“ сос од домати, скара подготвена на бродот со говедски плескавици и маринирани коцки пилешко заедно со овошен коктел. За време на кружното патување до и од заливите ќе има музика и танцување, со диџеј.

После крстарењето во вечерните часовизаедничка дружба во локално кафуле.

06 ДЕН FLAMENCO SHOW 

Дневно уживање на плажата во Лорет де Мар во beach бар со прекрасна шпанска музика.

Во попладневните часови разглед на Барселона со посета напаркот Гуел – едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. Потоа се упатуваме кон Шпанското село кое претставува музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разновидноста на селата во Шпанија.

Посета на едно од најстарите „фламенко таблао“ во Барселона. Уживаме во Flamenco Showво времетраење од 40 минути со екипа која се состои од гитаристи, пејачи и перкусии и која ќе го постави темпото на фламенко вечерта.Фламенкото е форма на песна, танц и инструментална (најчесто гитара) музика која најчесто се поврзува со Андалузиските Ромиод јужна Шпанија.Суштината на фламенкото е cante или песна. По средината на 19-ти век, песната за фламенко обично била придружена со музика на гитара и palo seco(стап што се удира од подот за да се одржитакт) и танчерка која изведувала серија кореографскичекори и импровизирани стилови.

07 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР 

Слободен ден за уживање на плажа во Лорет де Мар или некој од околните градчиња.

08 ДЕН БАРСЕЛОНА – СОФИЈА - СКОПЈЕ

Во раните утрински часови одјавување од хотелот и соорганизиран трансфер се упатуваме до аеродромот во Барселона со пристигнување три часа пред летот којполетува во 06:00 часоти слетува во Софија во 09:50 часот. Оттаму со организиран транфер патување кон Скопје и пристигнување во попладневните часови.

 

ТЕРМИН

Број на ноќевања

ПРОМО ЦЕНА / Редовна цена по лице

23.07 - 30.07.2024

7 ноќи со појадок

859/ 999

21.08 - 28.08.2024

7 ноќи со појадок

759/ 859

Цените во табелата се изразени по лице за пакет аранжман.

 

Факултативни излети:

·         Посета на Барселона –

·         Boat Party по брегот на Коста Брава –

·         Трансфер до Барселона + Flamenco Show со вклучен пијалок -

 

**Влезниците за објектите се со доплата.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

·         Трансфер Скопје – Софија - Скопје

·         Авио превоз Софија - Барселона –Софија

·         Аеродромски такси - подложни на промена

·         Рачен багаж (40cmх30cmх20cm)

·         Трансфери од аеродромдохотел и од хотел до аеродром 

·         7 ноќевања во хотел во Лорет де Марна базаноќевање со појадок

·         Трошоци за организација на патувањето  

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

·         Факултативни излети

·         Градска туристичка такса

·         Патничко осигурување (задолжително)

·         Индивидуални трошоци на патниците

 

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

·         Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.

·         При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 50% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.

·         Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

- За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.

- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

- ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост.

- Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови.

-За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.

- Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.  

-Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.  

-Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот. 

-Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.

-Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата.  


Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија