Vila Elizabela -Ipsos

КрфЛето 2024

Остров познат како "Зелениот Смарагд"

Од линиите на националното знаме до варосаните коцкасти вили и пенливото море, Грција носи сино - бела униформа,но Крф додава дополнителна боја во мешавината – зелена. Познат како "Зелениот Смарагд", вториот по големина од Јонските Острови е покриен со бујна вегетација, зелени површини, сафирно сина боја на морето, а населението е со многу мирен и отворен дух за туристи кои ги сакаат музиката и танцот, празниците кои се слават со фешти, особено за велигденските празници.

Богат со разновидна историја, го прави еден од најубавите острови во Грција. Со архитектура која го има шармот на Париз, Венеција и Лондон. Големиот број на тесни улички со куќисе речиси непроменети до денес,со цел да се задржи автентичноста и карактерот на градот. Малите улички му даваат посебна отменост на стариот град, наместа се толку тесни што можете со раширени раце да ги допрете куќите од двете страни. Изобилува со мали фонтани и плоштади, старите млетачки куќи во кои денес се сместени многубројните таверни, галерии и продавници за сувенири, бројни цркви.

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

00 ДЕН СКОПЈЕ – КРФСостанок на групата пред Хотел Континенталво 22:00часот ден пред почетокот на аранжманот. Тргнување во 22:30 часот. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности.Во раните утрински часови пауза на Јанина (Stop&Go).Патувањето продолжува до Игуменица од каде се качуваме на траект и за нешто помалку од 2 часапристигнуваме на пристаништето во градот Крф.Од таму за 20мин. пристигнуваме во Ипсос.Сместување во вилата од 14:00 часот.

01-07 ДЕН КРФПрестој во Вилата со можност за факултативни екскурзии.

08 ДЕН КРФ – СКОПЈЕЗа времето на враќање ќе имате координација со водичот кој цело време ќе биде со вас за организација на екскурзиите. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Villa Izabela

 

Villa Izabela се наоѓа во центарот на градот Ипсос, на само неколку чекори од плажата. Сместувањето располага со двокреветен апартман кој има сопствена кујна и купатило, клима уред (со доплата од 6 € од ден) и голем двор со зеленило.

 

Факултативни излети:

  • Посета на градот Крф
  • Посета на плажата Глифада
  • Посета на Сидари со Каналот на љубовта + 7th Heaven
  • Палеокастрица + Akron Beach Bar
  • Крстарење со брод по североисточниот брег на островот

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.

– Цените се по лице за 7 ноќевања/8 дена.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од датумот на завршување на патувањето.

– Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот (тргнувањето е ден порано).

– За еднокреветна соба се доплаќа плус 70% од редовната цена.

– За сопствен превоз се одземаат 20 € од редовната цена на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.

– Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.

– Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.

– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

– Сместување во собите е по 14:00 часот, а напуштање на истите е до 09:00 часот по локално време.

– Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

– Цените објавени во табелите се конечни. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

– Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

– Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

 

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија