Вила Посеидон – Калитеа

Вила Посеидон – Калитеа

Вила Посеидон се наоѓа на сама плажа во Калитеа, на 200м од центарот. Вилата нема сопствен паркинг, но на само 30м оддалеченост од Вилата на гостите им е достапен бесплатен паркинг.  Вилата располага со трокреветни и четворокреветни студија. За сезона 2023, Вилата не нуди бесплатни лежалки на плажа. Секое студио има на располагање 2 лежалки, кои ги зема на користење и на крајот на денот ги враќа во вилата (строго забрането оставање лежалки на плажа преку ноќ).

-Трокреветното студио кое се наоѓа на 3 кат (нереновирано), располага со брачен кревет за две лица, ( потесен од стандардните лежаи)  и едно единечно легло. Студиото е опремено со мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, wi-fi,  балкон кој гледа странично кон море и кон градина.  Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

Четворокреветните студија располагаат со брачен кревет за две лица (потесен од стандардните лежаи) и две единечни стандардни легла. Истите се наѓаат на  приземје – студио број 2 (без оградена тераса – нереновирано студио), на трет кат – страничен поглед на море со број 24 и 26 (нереновирани)  и 23 и 25 исто на 3 кат со реновирани тоалети, едно студио на четврти кат со директен поглед на море – со реновиран тоалет – бр.31 и  едно студио со поглед на градина кое се наоѓа на трет кат – со реновиран тоалет, број 21. Капацитет на собите е максимум 4 лица. Надвор од овој капацитет може да се смести само дете до 3,99год. 

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница  се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.

Клима, ТВ, Wi-Fi, Кујна

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 62МКД

10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.12.2023, СО 100% УПЛАТА ДО 10.01.2023

(напомена: првите два и последните два термина се промо цени и на нив не подложи попуст) 

НЕДЕЛА- НЕДЕЛА
Наем на студио 8 дена 7 ноќевања

терминиTriple roomQuadraple GF1/4 Studio SSV1/4 Studio GV
19.05.2024179189209199
26.05.2024209219249239
02.06.2024309339409389
09.06.2024409439519479
16.06.2024439469569509
23.06.2024539579669619
30.06.2024649679759729
07.07.2024649679759729
14.07.2024649729759729
21.07.2024409749829799
28.07.2024709749829799
04.08.2024709749829799
11.08.2024709749829799
18.08.2024669729799769
25.08.2024489509609559
01.09.2024369429509459
08.09.2024329349439409
15.09.2024199239309289
22.09.2024179189209199

Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари

Во цената Е вклучено:
Користење клима уред,
Користење безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Попуст за превоз по лице:
Дете од 2-11,99год  10 € од редовната цена
Дете до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

Информации, услови, попусти
Цените обележани со црвено се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Превоз

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (недела)

-Скопје (Дрводекор) – 45еур по лице
-Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 60еур по лице
-Велес (БП Макпетрол-кружен тек) – 45еур по лице
-Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –45еур по лице
-Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 45еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

-Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 40еур по лице
-Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –40еур по лице
-Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –50еур по лице
-Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 55еур
-Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 50еур по лице
-Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 50еур по лице
-Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
-Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија