“Soula”




попуст – 10 % за вонсезонските и -15% за сезонските цени за 50 % уплата заклучно со 20.01.2024 (сабота) и целосна доплата заклучно со 06.04.2024 (сабота)

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа “Soula” се наоѓа на одлична местоположба, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со четири студија и два апартмани. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Вилата има сопствен уреден двор и паркинг веднаш пред вилата.

Апартманите и студијата се опремени со мала стандардно опремена кујна со сите потребни елементи, додека во апартманите има големи фрижидери и голем електричен шпорет со рерна. Сите имаат клима уред, ТВ и располагаат со стандардни тоалети со туш.

Апартманите (бр. 1 и бр. 2) и едно студио (бр. 6) се на високо приземје, а останатите студија (бр. 3, 4, 5) се на кат. Сите располагаат со сопствена тераса опремена со маса и столови, освен студиото бр. 6 кое има сопствен уреден и заграден двор со маса и столови.

Апартман бр. 1 (1/2+1/2+2) – 4 лица + 2  –  високо приземје. Простран апартман со брачен кревет во спална соба, две софи на извлекување во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столови, клима уред и телевизор. Апартманот има сопствен тоалет со туш. Од кујна се излегува на тераса со страничен поглед море и истата е опремена со маса и столови.

Апартман број 2 (1/2+1/2+1) – 4 лица + 1  – високо приземје. Простран апартман со брачен кревет во спална соба, една софа на извлекување и едно стандардно легло во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столици, клима уред и телевизор. Сопствен тоалет со туш. Од апартманот се излегува на голема заедничка тераса, која е опремена со маса и столици.

Студио број 3 (1/2) – прв кат. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува на тераса со поглед позади кон дворот, која е опремена со маса и столови.

Студио број 4 (1/2) – втор кат. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот на студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.

Студио број 5 (1/2)  втор кат. Студиото располага со 1+1 стандарден кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот на студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.

Студио број (1/2) високо приземје. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува во сопствено дворче кое располага со маса и столови.

 

 

1. Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1/2 студио

(бр. 4 и 5)

плаќаат 2 лица

1/2 студио

 (бр. 3 и 6)

плаќаат 2 лица

1/4 + 2 апп

(бр. 1), 1/4 +1 апп бр 2 задолжително плаќаат 3 лица

26/05-02/06

7

89

99

99

02/06-09/06

7

109

119

119

09/06-16/06

7

139

149

149

16/06-23/06

7

169

179

179

23/06-30/06

7

179

199

189

* цена по лице со вклучен превоз

2. Сезонски цени

Термин

Ноќевања

1/2 студио

 (бр. 4 и 5)

1/2 студио

 (бр. 3 и 6)

1/4 + 2 апп

(бр. 1), 1/4 +1 апп бр 2  

30/06-07/07

7

409

439

599

07/07-14/07

7

429

459

629

14/07-21/07

7

449

499

669

21/07-28/07

7

449

499

669

28/07-04/08

7

449

499

669

04/08-11/08

7

449

499

669

11/08-18/08

7

449

499

669

18/08-25/08

7

449

499

669

25/08-01/09

7

439

479

649

 * цена за наем на апартман или студио

 

3. Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1/2 студио

 (бр. 4 и 5)

плаќаат 2 лица

1/2 студио

 (бр. 3 и 6)

плаќаат 2 лица

1/5 + 1 апартман

(бр. 1 и 2) задолжително плаќаат 3 лица

01/09-08/09

7

179

189

179

08/09-15/09

7

139

149

149

15/09-22/09

7

119

139

119

22/09-29/09

7

89

99

99

* цена по лице со вклучен превоз

 

 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица
  • Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман и студио ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец  2170 мкд. (35евра)
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија