СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ЕГЗОТИЧНИ ПАТУВАЊА 2020/21 - ЗАНЗИБАР ОД СКОПЈЕ

ЗАНЗИБАР ОД СКОПЈЕ

Занзибар – егзотичната земја на насмевките каде ќе се опуштите и забавувате, ќе заборавите на короната и стресот. Само спакувајте ги своите купачи и летна гардероба, спремете се да танцувате и пиете коктели и да пливате во тиркизниот океан опкружен со бел песок и недопрена природа. И не заборавајте – СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ТУКА Е ДА СТЕ ПОСТОЈАНО НАСМЕАНИ!!!

Hakunamatata или животот е прекрасен. Оваа фраза ќе ја слушнете на секој агол! Заборавете на секојдневните проблеми, заборавете на се бидејки овде ве очекува РАЈОТ: Плажи со чист и ситен песок, прекрасната сина боја на Индискиот Океан, вкусна храна и коктели и секако традиционална музика која ќе ве натера да заиграте. Соблечете ги влечките и пижамите! Земете го вашиот костим за капење и апостолки, затоа што ние ќе ве однесеме во авантура! Време е! Излегуваме од дома и патуваме, најдобро знаеме што ви треба во моментов - пријателска атмосфера, добри вибрации и ладен пијалок за да Ве вратиме во игра! Имаме 10 дена полни со многу различни искуства, забава, африкански страсти, ладни коктели, вкусна храна и забава.
Промотивни поаѓања од Скопје со Туркиш за Занзибар БЕЗ ПЦР ТЕСТ ,СО ВИЗА НА ПРИСТИГНУВАЊЕ



30.04-06.05 (6 ноќевања)

Детали од лет
TK1004 29APR SKPIST 0855 1130
TK 567 29APR ISTZNZ 1945 0305
TK 567 07MAY ZNZIST 0400 1255
TK1003 08MAY ISTSKP 0735 0805


Bluebay Beach Resort And Spa 4*, Tanzania 950 ЕУР ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН / полупансион

Sultan Sands 5* , Tanzania 1 090 ЕУР ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН / полупансион

16.06-25.06 (9 ноќевања)

Детали до лет
TK1004 15JUN SKPIST 0855 1130
TK 567 15JUN ISTZNZ 1945 0305
TK 567 26JUN ZNZIST 0400 1255
TK1003 27JUN ISTSKP 0735 0805


Bluebay Beach Resort And Spa 4*, Kiwengwa 980 ЕУР ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН

Smiles Beach Hotel 4*, Kiwengwa, , Tanzania 1 050 ЕУР ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН

Цената е по лице и вклучува:
  • Авионски лет од Скопје
  • Аеродромски такси
  • Трансфер аеродром хотел аеродром
  • Хотел на база и ноќевања назначени во понудата

Цената не вклучува:
  • Виза за Танзанија (50усд ) на пристигнување
  • Патничко осигурување (околу 400мкд )
  • Индивидуални и лични трошоци
  • Се што не е вклучено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
Цената е дадена во евра и пресметана во денари,1 евро = 62 денари

Цената е валидна до пополнување на места на дадена тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена).
Услови:
  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 15 дена пред поаѓање.
  • Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
  • ПОНУДАТА Е ВАЛИДНА ЗА МИНИУМ 2 ПАТНИКА
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
  • Задолжително патничко осигурување
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија