СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8-ми Март - ИСТАНБУЛ -авион

ИСТАНБУЛ -авион

И С Т А Н Б У Л 

 

 

царската престолнина на два континенти

 

 

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

 

 

 

 

07 март (Недела)      СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 06:05 часот. Полетување за Истанбул во 09:05 часот. Слетување во 12:40 часот по локално време. Oрганизиран трансфер и панорамски разглед на градот: Вселенската Патријаршија, Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас, каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент eкспрес, плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кулата, Египетскиот пазар.. Сместување во хотел. Вечерта, можност за посета на плоштадот Таксим и познатата улица Истиклал со локален превоз. Ноќевање.

 

 

08 март (Понеделник)      ИСТАНБУЛ - ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот, факултативно разглед на стариод дел на Истанбул Султанахмет: ХиподромотСината Џамија позната по 6-те минариња, посета на Аја Софија, изградена во времето на владеењето на царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија а денес служи и како верски објект а отворена е и за посетители. Можност за посета на подземната цистерна Јеребатан сарај, позната како Потонатата палата. Разгледот продолжува со посета на палатата Топкапи, палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, од три страни опколена со море. Прошетката продолжува кон Капали чаршија, затворен трговски со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини. Враќање во хотел или можност за индивидуални прошетки. Вечерта, факултативно вечера во национален ресторан (согласно протоколите и мерките во услови на пандемија Ковид 19). Ноќевање.

 

 

09 март (Вторник)      ИСТАНБУЛ - ДОЛМАБАХЧЕ САРАЈ - КРСТАРЊЕ ПО БОСФОР - АЗИСКИ ДЕЛ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативна посета на Долма Бахче Сарај- последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922г. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922г. резиденција на Кемал Ататурк. Потоа, факултативно крстарење со брод по Босфор,панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Прошетката продолжува со посета на Чамлиџа најпознатиот видиковец во азискиот дел кој пружа магичен поглед на двете страни на градот. Слободно време и можност за уживање на турско кафе или чај во традиционален турски ресторан. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

10 март (Среда)      ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Напуштање на хотел (lunch box) Трансфер до аеродром. Авионот за Скопје полетува во 08.50 часот (локално време) Пристигнување во Скопје во 08.15 часот.

 

 

 

 

Цена во предпродажба до 12 Февруари 229 евра (14.200 денари)

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 евра (15.440 денари)

 

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Turkish Airlines

- Чекиран багаж до 40кг.

- Рачен багаж до 6 кг

- Трансфер аеродром – хотел – аеродром

- Сместување во хотел 4* на база 3 ноќевања со појадок

- Панорамски разглед на Истанбул со локален водич

- Посета на Аја Софија. (потребна е соодветна гардероба марама и облека со покриени глуждови на нозете)

- Посета на Плава Џамија

- Организиција на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 6.140 денари

- Разглед на историскиот дел на Истанбул Султанахмет со локален водич 25 евра

- Влезница Топ Капи палатата со водич 20 евра

- Посета на Долма Бахче Сарај и крстарење по Босфор со превоз, водич и влезници 65 евра

- Посета на Чамлиџа 10 евра

- Доплата за еднокреветна соба

- Патничко-здравствено осигурување (задолжително)

 

 

 

НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

За влез во Аја Софија не се наплаќа влезница. За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.

Aранжманот е во организација на Супер Травел и за истиот можат да се користат ваучерите oд откажаните патувања заради Корона вирусот COVID-19.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми)

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.

 

 

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

 

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија