СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ЕГЗОТИЧНИ ПАТУВАЊА 2020/21 - КУБА јануари-мај 2021

КУБА јануари-мај 2021

К У Б А
повторно отворена за Вас
Индивидуално патување од Скопје - тури јануари-мај 2021
ХАВАНА -ВАРДЕРО програма за 12 дена – 9 ноќи
Зошто Ви ја препорачуваме единствената Куба која повторно ги отвора границите за турисите за уникатно патешествие? Куба во 21 век е уникатна во однос на сè што досега сте посетиле: економска сиромаштија, но огромно богатство на култура, стари градби, но голема архитектонска величественост, застрашувачка, но во исто време, неверојатно привлечна авантура. Тука не смеете да пропуштите - прошетка низ славниот MaleCÓN на Хавана и плажата Копакабана, да бидете дел од кубански ноќен живот низ традиционални ресторани и барови кои се најдобро место за уживање во музика во живо и танц на салса, да ја пробате купанската храна и пијалок со сите нивни зашини и волшебни мириси.

ХАВАНА главен град на Куба со 3 милиони жители, политички, културен и административен центар. Градот е бофат со историски споменици кои сведочат за мешаваината на различните култури и влијанија. Со својата колонијална архитектура, многубројните ексклузивни хотели ,егзотични клубови и барови оривлекуваат голем број на туристи од цел свет.


ВАРАДЕРО најпознатото летувалиште на островот на 130км од Хавана, претставува ремек дело на природата, со долги песочни плажи, топла тиркизна и бистра вода на океанот.
Дата на патување - 11.01.2021-22.01.2021/ Период на престој 12.01.2021-21.01.2021 (9 ноќи)

Детали од лет
TK1006 – SKP-IST – 2045- 0025+1 / TK 183 - IST-HAV – 0205- 0705
TK 183 HAV-IST - 0835- 0835+1/ TK1005 – IST-SKP – 2010- 1950
1ден. Скопје - Истанбул
Пристигање на аеродромот во Скопје три часа пред лет (во 18 часот) со лет на Туркиш лет за Истанбул во 20.45, слетување во 00.25 часот наредниот ден во Истанбул.

2ден – 3ден. Истанбул - Хавана
Продолжување на летот со лет Туркиш на во 02.05 , слетување во Хавана во 07.05. Трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање. Сместување во хотел во Хавана 4* на база ноќевање со појадок со можност за организирање на факлултативни излети. Ноќевање. Хавана – слободни активности и факултативни излети (легендите на Mi Habana, градска тура Хавана, следејќи ги трагите на Хемингвеј, возење со олд тајмери...). Ноќевање.

4ден. Хавана -Варадеро
Појадок. Трансфер за Варадеро.Возење со кратки попатни одмори (2-3часа ). По доаѓањето сместување во хотел 4* на база се вклучено. Ноќевање.

5-9ден. Варадеро
Престој во хотелот на база се вклучено ,денови предвидени за одмор, бањање и сончање....можност за организирање на факултативни излети (Cayo Lago, Sugar Tour, Jeep Safari...)

10ден. Варадеро -Хавана -Истанбул
Ран појадок. Ран трансфер на аеродром (три часа пред лет) и лет со Туркиш во 08,35 часот за Истанбул.

11ден. Истанбул-Скопје
Ноќен лет со оброци во авионот. Слетување во Истанбул 08.35 часот по локално време. Продолжување со лет Туркиш во 20.10 часот за Скопје. Слетување на аеродромот во Скопје во 19.50 часот.
Име на хотелотЈануари 11-22.01Фебруари 03-14.02Март 08-19.03Април 05-16.04Мај 03-14.05
Be Live Habana City Havana 4 * /BB ********************** Meliá Peninsula 4* Varadero/ ALL incl1.444 €1.495 €1.420 €1.399 €1.350 €
Напомена: Можна е промена на хотелот при реконфирмација на групата, со иста категорија на хотел и иста локација.
Начин на плаќање: 50% при резервација, во денарска противвредност по курс 62,00 , а остатокот 20 дена пред поаѓање.

Цената вклучува: Авио превоз на наведената релација, трансфер по програма, 2 ноќевање со појадок во хотел 4* во Хавана, 7 ноќевања на база се вклучено во хотел со 4* во Варадеро, организација на патувањето.

Цената не вклучува: виза за Куба на лице место, факултативни излети (на барање дополнително), индивидуални трошоци, оброци надвор од наведени оброци по програма, здравствено и патничко осигурување, негативен PCR тест, се што не е наведено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
КОВИД-19 Процедури Македонија - Препорака од нашата агенција пред поаѓање да се направи PCR тест пред поаѓање (не е задолжително) Куба - Владата на република Куба има пропишана уредба според која на секој турист при влез во државата му се прави ПЦР тест. Резултатите се добиваат за 24-48 часа. Во случај патникот да е позитивен на тестот мора да оди во болнички карантин и нема да може да продолжи со програмата на патувањето. Трошоците за враќање на патникот дома се на товар на самиот патник. Таквите трошоци треба да се покриени и рефундирани од осигурителната компанија при купување на патничкото осигурување.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ – ХАВАНА

City tour Havana (ХАВАНА ГРАДСКА ТУРА) – пешачка тура 4-5 . Прошетка низ стара Хавана низ историскиот центар и неговите главни плоштади; катедрали, плоштад san Francisco de Asis, plaza de arms, посетете го count de Villanueva (casa del habano), посетете ја таверната кафе за демонстрации на подготовка на кубански коктели, ручек во локален ресторан со пијалок. Тура низ модерна Хавана - plaza de la revolution, Necropolis de Cristobal Colon, Vedado, Malecon, посети на Jose Marti за да уживаат во одличен поглед. Слободно време за шопинг.

ЛЕГЕНДИТЕ НА “Mi Habana” – вклучува тура стара Хавана и моредрна Хавана, посета на паркот Morro-Cabaña Park, пешачка тура низ историскиот центар на старата Хавана, панорамска тура на Хавана - познатиот театар Gran Teatro de La Habana, капиталната зграда Capitolio , познатата променада покрај океанот Malecón, Универзитетот Vedado University Hill.

СЛЕДЕЈЌИ ГИ ТРАГИТЕ НА ХЕМИНГВЕЈ – вклучува посета на домот на ернест Хемингвеј Finca Vigía, посета на Bodeguita del Medio и Floridita и пиење на специјалниот коктел Daiquirí cocktail, ручек во локалниот ресторан, посета на малото рибарско село Сojímar и посета на собата на Хемингвеј во Ambos Mundos Hotel)

ВОЗЕЊЕ СО ОЛД ТАЈМЕРИ – Еден час возење со олд тајмери (min 3 лица-Max 4 лица по кола ) BUENO VISTA SOCIAL CLUB – The Buenavista Social Club in Restaurante Caffe Taberna – локален ресторан каде артистите на Buenavista Social Club имаат свое шоу. Прифаќаат и деца.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ –ВАРАДЕРО

City Tour Varadero (ГРАДСКА ТУРА ВАРАДЕРО) - историскиот дел и центар, занаетчиски пазар (време за шопинг), Паркот Josone - 9 хектари парк и релаксирачки одмор во природа, со конструкции од 40-те години, рекреативна и гастрономска понуда. Пешачење до керамичка работилница, уметничка галерија, рум куќа и Хавана (слободно време за купување)

САФАРИ - JEEP SAFARI Nature Tour (08.00 - 17.30hrs) – трае околу 10 часа

Поаѓање од хотелот во климатизиран превоз до точка каде се качуваме во џипови. Џип сафари во природа за да види уникатната околина и природна убавина на Куба. Нуркање во Пунта Маја (заштитено подрачје). Патуваме со брод преку реката Канимар. Посета и време на престој во Finca La Dionisia каде ги гледаме остатпците од плантажите за кафе во француски стил од почетокот на деветнаесеттиот век, ручек со пијалок (безалкохолен), јавање кољи и време за одмор. На враќање кон Варадеро застануваме во Куева де Сатно, посета и време да пливате во пештерата. Се враќаме во Варадеро.

ДА СЕ ОБЛЕЧЕТЕ ВО СООДВЕТНА ГАРДЕРОБА И ОБУВКИ ЗА САФАРИ.

ПОСЕТА НА ТРИНИДАД - Посета на Valley of the Sugar Mills и La Torre Manaca Iznaga. Ручек во локален ресторан (вклучен во цена). Посета на La Canchánchara Tavern со пијалок (коктел) и на музејот Palacio Cantero Museum.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Хавана согласно промена дирекно од авио компанијата. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на цената и редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
ГИ МОЛИМЕ ПАТНИЦИТЕ ДА ГО ПРОВЕРАТ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија