СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8-ми Март - 8-ми Март во БУДВА-ОСТРОГ-ДАЈБАБЕ

8-ми Март во БУДВА-ОСТРОГ-ДАЈБАБЕ

БУДВА-ОСТРОГ-ДАЈБАБЕ

(2 НОЌЕВАЊА И ПРЕВОЗ)

04.03.2021(четврток) 

Состанок на групата во 22.00 часот пред агенцијa Супер Травел и поаѓање за Црна Гора преку Косово и Албанија.


05.03.2021(петок)

Пристигнвање во утринските часови и разглед на св.Стефан, Будва. Сместување во вилите. Попладневна прошетка до стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св.Иван, Св.Марија, Катедралата итн. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Ноќевање.


06.03.2021(сабота)

Во 10.00 часот Факултативен полудневен излет до Котор.

Разглед на стариот дел на Котор. Катедралата на Св.Трифун, Столбот на Страмот. 

Враќање во Будва. Ноќевање.


07.03.2021 (недела)

Напуштање на апартманите и се упатуваме кон Манастирот Василије Острошки кој е сместен во карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и манастир на Балканот. Основан од Василије во 17 век и се верува дека моштите на Св.Василије Острошки се чудотворни и се наоѓаат во Горниот Манастир. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. По посетата на манстирот се упатуваме кон Подгорица.

 Посетуваме уште еден посебен манасти, манастирот Дајбабе. Симбол за уникатност на овој манастир покрај мирот и прекрасната природа е тоа што манастирот е сместен под земја. Манастирската црква е посветена на Успение на Пресвета Богородица. Единствениот видлив дел на црквата надвор од пештерата е широкиот влез со две прекрасни камбанарии. Манастирот е изграден во 1897 год од страна на пастор Петко.

Последна дестинација е посета на трговскиот центар Делта Сити и во вечерните часови се упатуваме кон Македонија


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.900 денари


Во цената е вклучено:

-превоз со високотуристички автобус;

-2 ноќевања во Будва во студија;

-Разглед на Будва;

-организација и реализација на патувањето.



Во цената не е вклучено:

-патничко осигурување;

-такса и превоз од долниот до горниот манастир 3 евра;

-посета на Котор 5 евра;

-посета на манастир Острог +  манастирот Дајбабе -10 евра.


За реализација на програмата и факултативите потребни се минимум од 35 патника

За овој аранжман важат општите услови на Т.А.Супер Травел.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија