СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8-ми Март - 8-ми Март ВАЛОНА со посета на ЕЛБАСАН и БЕРАТ

8-ми Март ВАЛОНА со посета на ЕЛБАСАН и БЕРАТ

ВАЛОНА со посета на ЕЛБАСАН и БЕРАТ

 

 

 

 

Градот Валона се наоѓа во југозападниот дел на Албанија, на граница меѓу Јадранско и Јонско море.

Изминатите неколку години градот бележи експанзија на полето на туризмот.

Во центарот на Валона може да се посети градскиот плоштад и Споменикот на независноста,

а во пошироката околина тврдината Канина која во XII век како епархија била дел од Охридската архиепископија. 

 

 

06 Март (Сабота) СКОПЈЕ – ЕЛБАСАН - ВАЛОНА

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 01:30 часот. Тргнување за Валона во 02:00 часот. Се патува преку граничен премин Ќафасан со попатни паузи. Посета на Елбасан, четвртиот град по големина во Албанија, претставува центар за производство на маслиново масло, жито и тутун. Во договорено време поаѓање за Валона и сместување во хотел. Ноќевање.

 

 

07 Март (Недела) ЗВЕРНЕК

Појадок. Слободно време за разглед на Валона. Можност за факултативна посета на манастиорот Звернек, посветен на Пресвета Богородица. Манастирот се наоѓа на многу мал и живописен остров, прекриен со борова шума. До него се доаѓа со пешачење по дрвен мост долг 270 метри што претставува незаборавно доживувањe и можност за прекрасни фотографии. Организирана вечера (факултативно) во ресторан. Ноќевање.

 

 

08 Март (Понеделник) ВАЛОНА – БЕРАТ - СКОПЈЕ

Појадок. Поаѓање за Македонија со попатна посета на Берат наречен “Градот на илјада прозорци" поради големите прозорци кои ги красат градските куќи. Град со прекраснo испреплетена архитектура со христијански и муслимански обележја, многу религиозни објекти: џамии, цркви (Св. Троица, Св. Илија…) кои припаѓаат на Албанската православна црква, која прогласила автокефалност во Белград, во 1922 година. Во договрено време тргнување за Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

 

 

За уплата до 14 Февруари: 4.900 денари (79 евра)

Цена на аранжманот: 5.520 денари (89 евра)

 

 

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со модерен туристички автобус

Сместување во хотел 3*/4* во Валона на база 2 ноќевања со појадок

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Организирана вечера - 15 евра

Посета на манастиорот Звернек - 10 евра

Туристичка такса

Задолжително патничко – здравствено осигурување

 

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници.

За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.

Агенцијата  го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Во Албанија се патува со пасош или лична карта.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија