СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8-ми Март - 8-ми Март во ЗЛАТИБОР

8-ми Март во ЗЛАТИБОР

ОСМИ МАРТ ВО ЗЛАТИБОР

 (Сирогојно и Дрвенград)

 

(04.03.2021 – 07.03.2021)

 

 

04.03.2021 (четврток)

 

21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

 

 

Прв ден: 05.03.2021 (петок)

 

Пристигнување во Златибор во утринските часови. Краток одмор од патувањето. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно. Разгледување на единствената музејска поставка под отворено небо каде има педесетина оригинални куќи-брвнари кои прикажуваат како изгледале куќите во златиборскиоте села пред повеќе од два века. Во музејскиот комплекс доминира куќа од типот на златиборската брвнара изградена од комбинација на камен и дрво а околу неа се наоѓаат помошните простoрии: гостинска куќа, млекара, амбар, занаетчиска работилница, штала... Во 70-те години од минатиот век жените се погрижиле селото да не остане познато само по етно музејот; успеале да лансираат еден од најголемите српски модни брендови-сирогојскиот џемпер плетен од волна од врвен квалитет и украсен со шари од автентични златиборски мотиви. При посетата на Сирогојно ќе можете да го разгледате Музејот на плетачките во кој се изложени квалитетни волнени производи. Освен тоа, тука се чуваат текстови од модни часописи и ревии, писма и фотографии на познати личности кои имале барем по еден експонат од колекцијата на златиборските плетачки: Јованка Броз, Барбара Буш, Ненси Реган, позната глумица Лив Улман, славниот француски креатор Пјер Карден...Пауза за кафе и закуска во некој од рестораните во Сирогојно а потоа враќање во Златибор. Сместување во хотел „Cigota“ 3*** (www.cigota.rs). Слободно време за одмор и за уживање во базенот во хотелот (бесплатно користење). Хотелот располага и со модерен релакс центар чии услуги можете да ги користите со доплата (две фински сауни, парно купатило со арома терапија, две хидро-кади, солариум). Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 06.03.2021 (сабота)

 

 

Појадок. Во договореното време организирано заминување кон Мокра Гора каде на ридот Меѓавник по замисла на филмскиот режисер Емир Кустурица е изградено етно селото Дрвенград. Самиот Кустурица за Дрвенград ќе рече: „Измислив град кој изгледа како во него отсекогаш да се живеело. А не се живеело никогаш“. Изградено за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“, селото потсетува на вистински град: на самиот влез има голема влезна капија од каде започнува главната улица која се протега се до другиот крај каде се наоѓа мала дрвена православна црква со дрвено ѕвонче посветена на Свети Сава, градена по угледот на руските црквени брвнари. Во централниот дел на селото е плоштадот поплочен со дрвени коцки и опколен со брвнари кои се автентични и пренесени од околните села. Во секоја од нив се содржините карактеристични за секој град: хотел Меќавник, галерија со слики, библиотека, кино сала сместена под земја, слаткарница со домашни колачи и природни сокови, национален ресторан и продавница со народни ракотворби од тој крај... Улиците во селото добиле имиња по познати личности од науката и културата. Така, главната улица го носи името на Иво Андриќ, а покрај неа се улиците Ернесто Че Гевара , Диего Марадона, Миодраг Петровиќ Чкаља, а една улица го носи и името на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Стручното жири на бриселската Фондација за архитектура оваа градба ја прогласила за најдоброто архитектонско остварување во изминатите три години во Европа. Дрвенград веќе има статус на град хотел со 4 ѕвезди, , исто како  што е Свети Стефан во Црна Гора. Слободно време за разгледување на етно селото и за уживање во вкусните специјалитети во ресторанот и слаткарницата. Враќање во Златибор во попладневните часови. Слободно попладне за индивидуални активности. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

 

 

Трети  ден: 07.03.2021 (недела)

 

Појадок. Слободно претпладне за посета на прочуениот пазар кој изобилува со домашни производи од ова поднебје. Традиционалната Златиборска трпеза не може да се замисли без сирење и кајмак, говедска и свинска пршута, чварки и надалеку прочуената ракија од слива, популарната сливовица. Околу пладне заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........129 евра (8.000 денари)

 (плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус

- Две ноќевања со појадок  и вечера во хотел „Cigota“ 3*** во Златибор

- Користење на базенот во хотелот

- Посета на Сирогојно со вклучена влезница

- Посета на етно селото Дрвенград со вклучена влезница

- Локален туристички водич за сите разгледи

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Користење на релакс центарот во хотелот

- Доплата за еднокреветна соба - 25 евра (за двете вечери)

- Туристичка такса...1.10 евра по лице на ден (се плаќа на рецепција)

- Патничко осигурување

 

 

Напомена: За патување во Република Србија не е потребен PCR тест за Covid-19

 

 

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

 (за време на патувањето ќе се почитуваат сите здравствени протоколи)

 

Последен рок за пријавување: 25.02.2021 година

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија