ХОТЕЛ ПАНОРАМА

ХОТЕЛ ПАНОРАМА


Хотелот располага со 20 соби и апартмани: 12 двокреветни, 2 трокреветни и 6 апартмани.

Сите се со панорамски поглед кон Крушево…

Во зимската сезона, користењето на жичарницата и ски лифтовите се бесплатни за гостите на хотелот.

Хотелот располага со ресторан, внатрешен базен, спа центар, бесплатен интернет на цела територија на хотелот и ски соба за вашата опрема за скијање.

Големите стаклени површини на ресторанот Алто ви откриваат неверојатен поглед кон Крушево, кон боровата шума и кон облаците. Традиционалните јадења Ви ја топлат душата, а интернационалното мени ве шета низ светот. Сите јадења се приготвени по највисоките гурмански стандарди, со голем мајсторлук од нашите врвни готвачи.

 

Цена на еднокреветна соба ВВ - 60 евра.
Цена на двокреветна соба ВВ - 70 евра.
Цена на Супериор соба ВВ - 80 евра ( цена за двајца)
Цена на јуниор апартман ВВ - 100 евра (цена за двајца)


Цена на делукс апартман ВВ - 120 евра (цена за двајца)
Во цената е вклучено доручек, користење на СПА центарот, интернет, телевизија, паркинг, ДДВ, туристичка такса, осигурување, complementarity café и вода по собите 10% попуст во Lounge Bar Alto кој се наога на ски терените во Крушево.


Во супериор, јуниор и делукс апартман има опција за сместување на трето возрасно лице и се доплака 10 евра по ноќ, или кога станува збор за фамилија две деца, за деца до 8 години е бесплатно, за деца над 8 години се доплака 10 евра за дете по ноќ.
Доколку сакате дополнителен оброк ручек или вечера цената е 10 евра по лице и е на база сет мени(предјадење, главно јадење, десерт и еден безалкохолен пијалок). За деца до 8 години се доплака 5 евра и добиваат пола порција, за деца над 8 години е исто како и за возрасен.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија